1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Висока мода со ниски цени

17 ноември 2010

Во изминатите години модната бранша многу се промени. Врвните дизајнерски имиња на пазарот пласираат поевтини линии, и стануваат достапни за сите. Со атрактивните цени тие привлекуваат нова, помлада публика.

https://p.dw.com/p/QAUh
Повеќе модни брендови нудат поевтини споредни линииФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Ексклузивната колекција од Прет-а-порте на дизајнерот Жан-Пол Готје за наредното лето. Со името на дизајнерот на модните писти се претставени две различни модни линии. Меѓу нив има огромна разлика - цената!

Модниот дизајнер Жан-Пол Готје вели:

„Ова е мојата реакција на кризата. Сакам да покажам дека може да се понуди и луксузна мода, но да чини помалку. Така можам да допрам до повеќе луѓе. Облеката се прави за да се носи.“

Евтини креации од Лагерфелд и Вилијамсон

BdT, Karl Lagerfeld in Berlin geehrt (Fashion Week für Frühjahr/Sommer 2009)
Германскиот креатор Карл ЛагерфелдФотографија: AP

Исто така и Карл Лагерфелд сега работи на поевтини колекции. Тој концепт го нарекува „мастиж“, што е кованица од маса и престиж. Новата колекција ќе се продава само на интернет и ќе го носи неговото име:

„Токму така, подготвувам колекција со моето име, но со поволни цени. Знаете, Лагерфелд не треба да се поврзува само со Шанел и Фенди. Таму го достигнувам својот врв, но тоа може да се направи и со другиот крај.“

Исто така и британскиот дизајнер Метју Вилијамсон најави изработка на втора, евтина колекција.

Францускиот моден новинар Жан-Пол Ковин, веќе одреден период го следи овој тренд на модниот пазар:

„Дизајнерите едноставно мораа да се активираат. Се‘ повеќе брендови ги копираат нивните модели и ги нудат по пониски цени. Затоа реагираа познатите дизајнери, и креираат поевтина мода која го носи нивното име, достоинствено го претставува нивниот стил, но исто така тие заработуваат, а не оние кои ги копираат.“

Модниот експерт Жан-Пол Ковин има пофални зборови за новата линија на Жан-Пол Готје:

„Ова навистина има квалитет на висока мода. Овој фустан е од памучен материјал, кој се употребува за тексас платно, но е уште подобар поради типичните дизајнерски елементи.“

Новинарот Ковин од „Фешн Дејли Њуз“ додава:

„На пример копчињата, изработени се од квалитетен метал и изгледаат како да се стари. Исто така и втиснатата шарка е многу оригинална, мотивот продолжува дури и на внатрешната страна. Ова е вистински дизајнерски модел.“

Материјалите се различни

Carla Bruni Model
Манекенката Карла Бруни носи креација на дизајнерот Жан-Пол ГотјеФотографија: AP Photo

За релативно поволните цени има различни објаснувања. Дизајнерот на Прет-а-порте и на висока мода Жан Пол Готје вели:

„Новата линија е дел од колекцијата, таа ги содржи истите стилски елементи за оваа сезона. Но, не може да се каже ’Ова е Готје, само е поевтино’. Креациите се поевтини, оти се изработени од други материјали, како на пример фармерките или маичките, или поради тоа што се изработуваат полесно.“

Модниот новинар Жан Пол Ковин додава:

„Цената најмногу може да се намали ако се произведуваат повеќе парчиња. Кај овие линии, наместо 200 ексклузивни модели од високата мода, модната куќа во истовреме може да порача изработка на 2.000 или дури 20.000.“

Принципот на поевтини споредни линии, во меѓувреме, го применуваат повеќе реномирани модни брендови. Со атрактивните цени тие привлекуваат нова, помлада публика, објаснува Ковин:

„Секогаш гледам што носат луѓето. Неодамна на една келнерка и‘ дадов комплимент за ременот, а таа рече ’Тој е од „Роберто Кавали’. Но, ременот не беше од брендот „Роберто Кавали“, туку од „Џаст Кавали“, втората линија. Луѓето не ја знаат разликата.“

На наредната страница: Модната бранша се промени

Авенијата Монтањ е париската луксузна дестинација. Оние кои купуваат овде, имаат познавања за модата на познатите дизајнери. Постојат различни ставови за евтината дизајнерска мода.

Victoria Beckham
Викторија Бекам на ревијата на Марк Џејкобс во ЊујоркФотографија: AP

„Според мене, повеќето различни линии се ризик за имиџот на модните куќи. Јас купувам само од водечките линии“, вели еден купувач.

„Не секој може да си дозволи луксузни брендови. Кога дизајнерската мода е со пониска цена, моделите можат да ги купат повеќе луѓе“, смета една жена.

Француската модна куќа „Соња Рикел“, како еден од првите луксузни брендови, во 1989 година пласираше поевтина втора линија. Колекцијата „SONIA by Sonia Rykiel“ се продава во друга продавница, има сопствен стил и целна група. Натали Рикел, главната дизајнерка на „Соња Рикел“, вели:

„„SONIA by Sonia Rykiel“ се разликува од главната линија пред се‘ според цената - фустаните се 30 до 40 проценти поевтини, но исто и според изгледот, кој е поопуштен и помалку елегантен.

Дизајнерите ја немаат истата улога како порано

BdT Bildgalerie Frankreich Mode Haute Couture in Paris Valentino
Париз е центар на модните случувањаФотографија: AP

Еден ексклузивен мантил „Соња Рикел“ од пердуви од ној чини 3.500 евра, а во втората линија има мантили за 400 евра.

Натали Рикел додава:

„Овој мантил од „SONIA“ е од вештачко крзно, во „Sonia Rykiel“ би бил од вистинско крзно.“

Пазарот е во пораст, профитот од поевтината втора линија „SONIA“ секоја година расте за 15 проценти. Модниот новинар Жан Пол Ковин вели:

„Модната бранша се промени. Дизајнерите ја немаат истата улога како во 80-те и 90-те години. Сега познатите личности се поважни од самата мода. Ако некој дизајнер во денешно време не се обиде да го демократизира својот бренд, наскоро никој нема да се интересира за него.“

Дизајнерот за Луј Витон, Марк Џејкобс, веќе достигна врв во демократизацијата. Дел од маичките со неговото име може да се купат за само 20 евра.

Автор: Катја Лирш / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска