1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венецуелците се изјаснија против социјализам

Jordanovski, Zoran3 декември 2007

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез доживеа неуспех со обидот да воведе социјализам во земјата, однносно да го утврди во уставот и со тоа да си овозможи да остане неограничено долго на власт.

https://p.dw.com/p/CW49
Прв неуспех за 9 години на власт: Хуго ЧавезФотографија: AP
Ноќеска во главниот град Каракас Изборната комисија ги објави резултатите од референдумот за уставни реформи во насока кон воведување социјалистичко уредување во земјата. Набргу потоа и претседателот Чавез индиректно го призна поразот - помила ќе ми беше тесна победа, сакав со мирна совест да одам на спиење, рече тој. По пребројувањето на околу 88 насто од гласовите, двата дела од реформите се отфрлени со одвај нешто повеќе од 50 насто од гласовите. Пресврт по пребројувањето на преостанатите гласови веќе не е можен, уверуваше Тибисај Луцена, која ја раководи Државната изборна комисија. Ова е прв пораз на Чавез за околу 9 години, колку што е на власт. Сега тој веќе не ќе може да се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2012-та година, оти според уставот во Венецуела претседателот може да остане само два мандата на највисоката функција. Во петокот, спроти референдумот, Чавез изјави дека сака да остане на власт до 2050-та година!

►◄