1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британците размениле многу тајни информации со сојузниците

ЕМФ / дв
28 март 2018

Лондон на сојузниците им доставил невообичаено многу информации за нападот со отров врз екс-шпионот Сергеј Скрипал. Тоа веројатно овозможило протерување на руски дипломати од толку многу земји во светот.

https://p.dw.com/p/2v71E
Großbritannien London - Theresa May
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/F. Augstein

Британската влада на своите партнери им доставила „тајни информации во дотогаш најголем обем“, соопшти висок претствник на владата во Лондон. Тоа довело до протерување на голем број руски дипломати од низа западни држави, меѓу нив и САД и Германија. Во меѓувреме, руски дипломати протераа 26 држави во светот, меѓу кои и Македонија.

Повеќе:  Земјотрес од Скопје до Москва, можни афтершокови

Во знак на солидарност со Велика Британија, и НАТО им одзеде акредитација на седум руски дипломати. Освен тоа, алијансата донесе заклучок и да ја намали максималната големина на руската делегација во НАТО од 30 на 20 лица. Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, тоа е јасна порака до владата во Москва дека неприфталивото однесување со себе повлекува консеквенции.

Пресвртна точка

Според актуелните информации, речиси 150 Руси се погодени од мерките на протерување. Британската премиерка Тереза Меј рече дека станува збор за најголемото заедничко протерување руски дипломати во историјата. Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон оцени дека протерувањето е „пресвртна точка“ во односите на Западот и Русија. Се работи за „удар“ од кој руската тајна служба „нема да се опорави многу години“, напиша тој за весникот „Тајмс“.

Повеќе:  Борис Џонсон за ДВ: имаме докази за руската улога во нападот врз Скрипал

Лондон и неговите западни сојузници претпоставуваат дека Кремљ стои зад нападот со отров врз рускиот екс-двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кој се случи на 4 март годинава во Солсбери. Двајцата се во болница во животна опасност.

Повеќе:  „Западот неосновано ја казнува Русија“

Русија отфрла секаква вина. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров критикуваше дека протерувањето на дипломатите е „резултат на колосален притисок, колосална уцена“ од страна на САД.