Катастрофи
Бурата „Себастијан“ однесе две жртви
14 септември 2017Реклама
Бурата „Себастијан“ со себе донесе силен ветер и дожд. На северот на Германија ветрот корнеше дрвја. Едно лице во Хамбург загина од урнато скеле, додека во Брилон едно лице го загубило животот кога смрека попуштила под силата на ветрот. Старица во Вик беше исто така погодена од дрво и е тешко повредена.
Градинките беа затворени, а откажани беа и спортски натпревари.
Оние кои патуваат до работното место сѐ уште се соочуваат со проблеми. Железницата соопшти дека сѐ уште комплетно се затворени четири линии, а на некои линии за сообраќај се отворени само одделни шини.
Германските метеоролози предупредуваат дека невремето се преместува во југозападниот дел на земјата.