1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугенвил - најмладата држава во светот?

Лиза Хенел
11 декември 2019

Жителите на островот Бугенвил во југоисточен Пацифик се изјаснија за отцепување од Папуа Нова Гвинеа. Во регионот Океанија во моментов има најголем број движења за независност и референдуми, а причини за тоа има повеќе.

https://p.dw.com/p/3UbG6
Papua-Neuguinea Bougainville Unabhängigkeits-Referendum
Фотографија: picture- alliance/AP Photo/UN/S. Aupong

На референдумот, на островот Бугенвил во југоисточен Пацифик со големо мнозинство гласови се изјаснија за отцепување од Папуа Нова Гвинеа. Според податоците на изборната комисија, во досега автономната покраина, над 180.000 избирачи, околу 98 отсто од вкупниот број жители, гласаа за незвисност. Бугенвил ќе стане најмлада држава во светот. Резултатите од референдумот треба уште да ги ратификува парламентот на Папуа Нова Гвинеа. Толку убедлива победа на симпатизерите за независнот секако претставува дополнителен притисок врз владата во Порт Морсби. Поради географската особеност референдумот се развлече на повеќе од 2 недели. Станува збор за регион со големина околу 9.000 квадратни километри. Тој се состои од главниот остров Бугенвил, островот Бука и неколку помали групи на острови. Покраината го добила името по францускиот адмирал и научник Луј Антоан де Бугенвил. Од 1880 година до Првата светска војна била дел од Германската Нова Гвинеа, потоа ја заземала Австралија, а во 1975 година станала дел од Папуа Нова Гвинеа. Бугенвил има големи наоѓалишта на бакар и на злато, но населението е многу сиромашно.

Најголем број референдуми и движења за незвисност

Иако, пред сѐ во западниот свет, се обрнува големо влијание на движењата за независност во Каталонија или во Шкотска, во областа Океанија во југозападен Пацифик во моментов има најголем број движења за незвисност и најголем број референдуми. Во овој регион е и Источен Тимор, држава која прва стекна независност во 21 век.„Постои нешто што ги поврзува сите пацифички островски држави, навистина без исклучок.

Papua-Neuguinea Insel Bougainville
Фотографија: Imago Images/F. Stark

Секоја земја зад себе има колонијална ера. Некои од нив дури и со повеќе колонијални сили“, вели за ДВ Херман Миклер, професор на Институтот за културна и социјална антропологија на Универзитетот во Виена. Холандија, Австралија, Германија, Јапонија, Шпанија, Португалија, Фрација, САД - нема некоја голема сила која не оставила своја трага во југозападен Пацифик.

Колонијално минато и геостратешко значење

Се' до денес регионот Океанија е геополитички интересен за светските сили како САД или Кина. Особено за време на Студената војна САД настојуваат да го прошират своето влијание во Пацификот. Меѓутоа интересите на Американците се' повеќе се косат со интересите на Кина, која преку микрокредити настојува на своја страна да ги придобие пацифичките островски држави.Важна улога притоа има и тоа што одделни островски држави го признаваат Тајван како независна држава - факт со кој Кина тешко може да го прифати. Колонијалното минато и геостратешкото значење се' до денес се извор на конфликти и зависности во пацифичкиот регион.

Papua-Neuguinea Bougainville | unverbindliches Referendum über Unabhängigkeit
Фотографија: Reuters/Jeremy Miller/Bougainville Referendum Commission

Друга работа која е заедничка за овој регион е немањето економска самосталност, додава Миклер. „Сите островски држави сами едвај да можат да опстанат. Зависни се од парите кои во моментов во најголем дел им доаѓаат од Австралија, САД, ЕУ и се' повеќе од Кина.“ Причина за тоа е одалеченоста на островите и едвај имаат свои сировини. Дури и ако се прозиведува нешто, тоа не е конкурентно на светскиот пазар поради високите цени на транспорт. Така овие држави и со децении по колонијалната ера остануваат зависни од големите сили.

Угнетување на малцинствата

Но сепак многу региони се стремат кон независност, што има врска и со непочитување на правата на малцинствата и со тоа одделни групи од населението се чувствуваат запоставено. Тоа никаде не е толку јасно изразено како во Западна Папуа. Западната половина од големиот остров Нова Гвинеа е една од ретките области богати со минерални суровини, прес сѐ до бакар.

Infografik Karte Papua-Neuguinea mit Bougainville DE

По завршувањето на колонијалната ера овој регион во 1961 година е приклучен на муслиманска Индонезија, која започна сурови походи против христијанското малцинство. „Таму веќе со децении пред очите на светската јавност е разгорена граѓанска војна (за малцинските права на Западните Папуанци)“, нагласува Миклер. Шансите Индонезија да и' дозволи независност на богатата со суровини Западна Папуа се многу мали.

Влијание на другите региони?

Долгата колонијална историја, геополитичките интереси и непочитувањато на малцинските права: покажуваат под какви се' услови можат да се развиваат движењата за независност во пацифичките островски држави. Но, сепак искуствата од Океанија тешко можат да се пренесат на другите региони во светот, смета Миклер. Бидејќи, секое движење за независност е поинакво. Едните се појавуваат поради актуелни конфликти, други поради причината со векови произволното повлекување на границите за време на колонијалната ера.

Papua-Neuguinea Insel Bougainville
Фотографија: Imago Images/robertharding

Истовремено овој регион покажува дека движењата за независност често се поврзани со илузиите. „Постои добра причина за бројни референдуми кои се одржуваат ширум светот“, вели професорот Херман Миклер. Тој меѓутоа додава дека овие референдуми често ги злоупотребуваат одделни харизматични личности „за свои лични интереси“. Старите зависности тогаш ги заменуваат нови, а очекуваните слобода и независност, поддржувачи на движењата, изостануваат.