1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борел за ДВ: Сега е критично време за проширување

Дојче веле
16 март 2022

Односот со Русија никогаш повеќе нема да биде ист. Тоа ќе го зајакне европското единство и ќе биде голем стимул за процесот на проширување на ЕУ, вели во интервју за ДВ високиот претставник на Унијата, Жозеп Борел.

https://p.dw.com/p/48aIt
Albanien Josep Borrell im DW Interview während seiner Reise in Tirana
Високиот претставник на ЕУ во Тирана во разговор со новинарката на ДВ, Елона ЕлезиФотографија: Enis Mehmeti/DW

„Ова е вистинско време за посета на Западен Балкан: во тек е војна и има големо руско влијание на Балканот“, вели Жозеп Борел и нагласува: „Сега е критично време за процесот на проширување“. 

Високиот претставник, кој деновиве е во посета на земјите од Западен Балкан, посочува дека војната во Украина ќе влијае на сите, вклучително и преку цените на храната или енергијата. „Односите со Русија никогаш повеќе нема да бидат исти, по она што го прават Русите со бомбардирање градови, убивање цивили и напаѓајќи го украинскиот народ“, рече Борел. Смета дека тоа ќе го зајакне европското единство, но ќе биде и голем поттик да се надминат дел од проблемите за да се забрза процесот на проширување на ЕУ. 

На прашањето зошто Балканот е важен денес, високиот претставник на ЕУ одговори: „Западен Балкан беше и останува високо на агендата на Европската Унија. Но, знаете, има настани кои се катализатори на историјата, настани кои го менуваат односот меѓу различни фактори, различни актери“, вели Борел. 

Единственото решение е дијалогот меѓу Белград и Приштина 

Тој очекува Русија да го зголеми своето влијание на Балканот. „Тие ќе се обидат да ги придобијат луѓето преку многу кампањи со дезинформации, ќе се обидат да ги убедат луѓето дека се борат против нацизмот, дека Зеленски е воен злосторник, дека ние, како што велат, извршивме геноцид врз Русите. Мора да се бориме против тој наратив“. 

Високиот претставник на ЕУ, говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, оценува дека тој е прекинат. „Треба да се направи повеќе, мораме да ги туркаме двете страни да разберат дека решението на проблемот може да се постигне само со дијалог. Нема да биде лесно, тоа е многу сложена работа. Знаете ли колку сложена и тешка била историјата на Балканот во последните 20, 30 години? Но, единственото решение за тој проблем е дијалогот“, инсистира Борел. 

-повеќе на темата: С. Македонија и ЕУ: Ќе ја забрза ли агресијата на Путин интеграцијата?

Конечно, зборувајќи за тоа како земјите од Западен Балкан се позиционираа кон војната во Украина, Џозеп Борел вели: „Различни земји од Западен Балкан имаат различни односи со Русија, што е факт што има врска со историјата и географијата. Најмногу со историјата. Не е тајна дека Албанија во надворешната политика е многу поусогласена со Европската Унија отколку Србија. Сепак, морам да кажам дека Србија гласаше за резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации. Тоа е многу важен чекор и се потпира на страната на Европската Унија кога станува збор за човековите права, суверенитетот на нациите и почитувањето на меѓународното право“.