1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбата за достоинствени услови за работа продолжува

Ванеса Фишер
11 јануари 2019

Германската компанија „Кик“, позната по евтина текстилна стока, не мора да плати отштета за пожарот во фабрика во Карачи, во кој загинаа 259 лица. Но, борбата на пакистанските тужители не е попуста, оценува Ванеса Фишер.

https://p.dw.com/p/3BMbG
Deutschland - Anklage gegen Kik -Prozess nach Brand in pakistanischer Textilfabrik in Dortmund
Фотографија: picture alliance/dpa/B. Thissen

Компанијата „Кик“ од Бенен, кај Дортмунд, позната по евтина текстилна стока, не мора да плати отштета за пожарот во фабрика во Карачи, кој се случи пред шест години. Тужбата на четворица Пакистанци е отфрлена од страна на судот во Дортмунд поради застареност според пакистанските закони. Во пожарот во текстилната фабрика Али ентерпрајз во септември 2012 година загина 259 лица. „Кик“ им беше главен клиент, и целта на тужителите им беше да биде обвинет за недостатоците при заштита од пожар.

Од правна гледна точка, одлуката на судот е очекувана. За тужителите, тројца роднини и една директна жртва на пожарот во пакистанската текстилна фабрика, тоа е горка судбина. Но, и само обидот да се покрене ваков тип на процес предизвика голем интерес во јавноста. Прашањата за корпоративна одговорност, прашањето за одговорност на светските компании и работничките услови на нивните лиферанти сега лебдат во воздухот. И ќе останат.

Обид да се направи преседан

Несреќата во пакистанскиот град Карачи се случи пред шест години. Загинаа 259 лица. Роднините на жртвите и нивните поддржувачи не дозволуваат работата едноставно да се заборави. Тие покренаа цивилна тужба во Германија, бидејќи пакистанската фабрика произведуваше производи за германската текстилна компанија „Кик“. 30.000 отштета за секој од четворицата тужите е секако само една симболична сума. Се работи пред сѐ за обид да се направи преседан и „Кик“ да понесе дел од одговорноста за несреќата. И покрај тоа што овојпат не успеа, тоа нема да биде последен обид. Бидејќи организациите за заштита на човековите права сѐ повеќе поддржуваат ваков тип тужби. Во меѓувреме има и доста успешно завршени случаи. Тоа е неспорно, бидејќи го покажува потфрлањето и неуспехот на политичарите. Бидејќи таму каде што тие не делуваат, во иднина ќе мора да одлучуваат судовите.

DW Kommentarbild Vanessa Fischer
Ванеса Фишер

Значајно во овој случај е тоа што и пред да биде покрената тужбата притисокот врз германската компанија беше голем и јавната дебата гласна, поради што компанијата се согласи да плати над шест милиони долари на семејствата на жртвите. Поради морална одговорност, а не како признание на вина. Но, потоа дојде и тужбата, што го изненади раководството на компанијата.

Сите актери носат одговорност

Случајот стави јасно до знаење дека глобалните корпорации мора да преземат поголема одговорност за своите постапки. Истовремено германските компании не добиваат насоки од германското законодавство. Во Франција од неодамна има нов закон, со кој француските претприемачи се обврзани да се осигураат дека ќе бидат почитувани човековите права кај нивните лиферанти.

Текстилната бранша со години ја бие лош глас. Има најлоши услови за работа и висок степен на експлоатација. При тоа не се доволно променети ниту доброволно преземените обврски. Во крајна линија тоа е колективна одговорност на сите актери, вклучително и на самите вработени. Во Бангладеш, кој по Кина е најголемиот производител на текстил, деновиве работниците се излезени на улица. Тие бараат поголеми плати за својата работа.

А купувачите? Без да го сакаме да впериме со прст нека зборуваат фактите: секој Германец во просек купува по 60 парчиња облека годишно, а се носат многу пократок период во споредба со времето пред 15 години.