1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Боливија: На Ево Моралес му се спрема затвор

ЖА
23 ноември 2019

На соборениот боливиски претседател, избеган во Мексико, му се заканува тужба - преодната влада го обвинува за бунт и тероризам.

https://p.dw.com/p/3TaPi
Mexiko Evo Morales landet in Mexico City
Фотографија: Getty Images/AFP/C. Cruz

Боливиската привремена влада планира обвинение за бунт и тероризам против екс-претседателот Ево Моралес, поради подигањето улични блокади од страна на неговите приврзеници, сметајќи дека тоа е во негова организација. Целта е на ваков начин да се спречи дотурот на прехранбени производи во градовите, изјави министерот за внатрешни работи Артуро Муриљо. Министерот веќе му го предал случајот на обвинителството во владиното седиште Ла Паз. „Пледираме за највисока можна казна“, изјави Муриљо. Во случај да биде осуден, на Ево Моралес му се заканува казна од 30 години затвор. Тужба е поднесена и против екс-министерот Рамон Квинтана.

Градоначалничка истрижена и полиена со боја

Симпатизерите на Моралес со недели го имаат парализирано градот Ла Паз со улични барикади. Тоа доведува до тесни грла во снабдувањето со храна и енергенси. Според привремената влада, Моралес упатил повик до своите приврзеници да ги продолжат блокадите. Пред неколку дена министерот за внатрешни работи објави аудио снимка од наводен телефонски разговор на Моралес, во која лице за кое се тврди дека е екс-претседателот, вели: „Не дозволувајте да стигне храна во градовите, ќе ги блокираме, ќе ги опколиме“. Моралес демантира и тврди дека станува збор за „манипулативни снимки“.

Повеќе:

Ево Моралес - неславен крај на една политичка икона

Најголемиот непријател на Ево Моралес

Боливискиот претседател стравува од пуч

Генералниот обвинител на Боливија побарал од боливиското Министерство за надворешни работи да ги информира властите во Мексико за истрагата околу Моралес и да ги повика на соработка. Долгогодишниот шеф на државата на почетокот на ноември беше принуден по повеќенеделните масовни протести да поднесе оставка и побегна во Мексико. Во нередите во Боливија во изминативе седмици загинаа преку 30 луѓе. Противниците го обвинуваат Моралес за фалсификување во своја корист на претседателските избори одржаи во октомври. Моралес пак тврди дека во земјата е извршен пуч.