1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Боинг 737 заврши во река во Флорида

ЕМФ / дв
4 мај 2019

Среќа во несреќа: при слетување на американскиот воен аеродром Џексонвил, авион од типот Боинг 737 излета од пистата и заврши во река, но сите патници преживеаја.

https://p.dw.com/p/3Hv8b
USA Boeing 737 im St. Johns River in Jacksonville
Фотографија: Reuters/JACKSONVILLE SHERIFF’S OFFICE

Во моментот на слетување на Боингот 737 на пистата во Џенксонвил имало големо невреме. Авионот на компанијата Мајами Ер Интернешнал се лизнал од пистата и заврши во реката Сент Џонс, соопштија властите. Леталото со 136 патници и седум членови на екипажот останало на површината на водата. Сите патници преживеаја, сопштија преку Твитер локалната полиција и градоначалникот на Џексонвил, Лени Кари. Според информации на спасувачи, 21 лице има полесни повреди и тие се хоспитализирани.

Според наводи на аеродромот, авионот пристигнал од американската воена база Гвантанамо на Куба. Телевизијата Еј-Би-Си јави дека авионот го резервирало американското Министерство за одбрана. Од аеродромот на базата Гвантанамо полетуваат само по три авиони во неделата. Честопати тие превезуваат војници. Причината за несреќата се’ уште не е позната.

USA Boeing 737 im St. Johns River in Jacksonville
Фотографија: Reuters/JACKSONVILLE SHERIFF’S OFFICE

Џексонвил е наоѓа на источниот брег на САД, во сојузната држава Флорида. Фотографиите од Боингот потсетуваат на сличен случај од јануари 2009 година. Тогаш еден Ербас А320 мораше да слета во реката Хадсон само три минути по полетувањето од аеродромот Ла Гвардија во Њујорк. Сите 155 луѓе во авионот го преживеаја принудното слетување во студената река. Извонредната присебност и снаодливост на пилотите беа наречени „Чудото од Хадсон“, а подоцна за случајот беше снимен и филм.