1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Билд“: Меркел и Саркози сакаат итно нов договор за еврото

27 ноември 2011

Германија и Франција имаат намера посакуваните промени во европските договори за стабилизација и буџетска дисциплина да ги спроведат уште на почетокот на 2012 година, јавува германскиот весник „Билд“.

https://p.dw.com/p/13Hx5
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола СаркозиФотографија: dapd

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози размислуваат најнапред за усвојување на т.н. Договор за стабилност на еврото, кој би требало да биде спогодба постигната меѓу државите-членки за да се заобиколи долгата постапка преку институциите на ЕУ. Како пример им послужил Шенгенскиот договор за укинување на граничните контроли, јавува германскиот весник „Билд“.

Ваквите информации не се до крај потврдени. Портпаролка на германската влада само изјавила дека Берлин и Париз имале намера „заедничките претстави“ за иднината на еврото да ги вметнат на агендата на Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 8-ми и 9-ти декември.

Меркел и Саркози на последната средба во Стразбур во четвртокот (24.11.2011) веќе најавија дека уште пред самитот ќе презентираат конкретни предлози за промена на договорите на ЕУ.

Автор: СН/ЖА/дв

Редактор: Ж.Ацеска