1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Бесплатни јод-таблети против стравот од хаварија

Сандро Шредер
1 септември 2017

Само 70 километри го делат Ахен од спорната атомска централа Тианж во Белгија. Многу жители се загрижени, стравуваат од нуклеарна хаварија. Од денеска градската управа превентивно дели јод-таблети.

https://p.dw.com/p/2jC08
Belgien Atomkraftwerk Tihange
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Berg

Луѓето во Ахен често се чувствуваат непријатно поради близината на белгиската граница и контроверзната нуклеарна централа Тианж, која се наоѓа на оддалеченост од 70 километри. Делови од фабриката се стари повеќе од 40 години. Најстариот блок требаше да се исклучи пред две години. Постојаните извештаи за новооткриени пукнатини во реакторите предизвикуваат колективни потреси кај населението на Ахен. Сега, локалните власти преземаат превентивна мерка. Почнувајќи од денеска, жителите можат да нарачаат бесплатни јод-таблети онлајн, за случај на голема хаварија во Тианж.

Обично, јод-таблетите се чуваат на една централна локација и се дитрибуираат само во итен случај. Но, Маркус Кремер, службеник на градот Ахен задолжен за прашања поврзани со животна средина, вели  дека градот дошол до заклучок дека таблетите не можат да се дистрибуира доволно брзо доколку се случи хаварија во Тиханж. „Така дојдовме до идејата за снабдување на голем дел од населението со јод-таблети однапред“, вели тој.

Таблетите може да помогнат во спречување на рак на тироидната жлезда во случај на радиоактивна контаминација и се наменети пред сѐ за децата, доилки и луѓе на возраст под 45 години. За сите други луѓе, ризикот од појавата на несакани ефекти од лекот ја надминува веројатноста дека некогаш ќе заболат од рак на тироидната жлезда.

Infografik Atomkraftwerke in Belgien Update April 2016 Englisch

„Да не се минимизираат ризиците“

Кремер вели дека градот е свесен оти таквата превентивна мерка би можела да имаа несакан ефект на натамошно вознемирување на жителите на Ахен. Властите проценуваат дека повеќе од една третина од жителите ќе ја искористат можноста за бесплатно добивање на таблети. Белгиските нуклеарни централи ги мобилизираат граѓаните на Ахен и на други начини. На многу прозорци и автомобили има налепници и флаери со кои се повикува Тианж да бидат затворена. Ова лето, активистите формираа човечки синџир кој се протегаше 90 километри по должината на автопатот од Тианж до Ахен во знак на протест против централата.

Локалната фармацевтка Габриеле Нојман вели дека побарувачка за јод-таблети имало и пред градот да ја промовира својата дистрибутивна програма. „Имаше особено голема побарувачка пред околу 18 месеци кога Тианж беше исклучен и потоа беше рестартиран неколку пати“, вели таа, додавајќи дека  само нејзината аптека продала повеќе од 300 пакети јод-таблети во тоа време.

Deutschland Verteilung von Jodtabletten in Aachen Flyer Tihange abschalten
Фотографија: DW/S. Schröder

Апчињата се „само прв чекор“

Но, само јод-таблети не се само доволни ако граѓаните сакаат сериозно да се подготват за голема нуклеарна несреќа, вели Ханс-Јозеф Алелајн, експерт за безбедност на реактори и реакторска технологија на техничкиот универзитет во Ахен. „Треба да ни биде јасно дека тоа е само прв чекор. Јас лично не сметам дека овој страв е основан, но ако веќе се има таков страв треба, исто така, да се складираат два литра вода по лице, основни прехранбени производи, витамински таблети, гумени чизми и материјали кои можат да се користат за изолација на вратите и на прозорците“, вели Алелајн. Но, тој критиички гледа кон дебатата за јод-таблетите посебно, и Тианж генерално, велејќи дека тонот е премногу хистеричен.

Иако физичарот Алелајн лично смета дека стравувањата од нуклеарна катастрофа во Тианж се неосновани, тој се согласува со еден аспект од критиките насочени кон белгискиот оператори на нукларната централа: „Имам чувство дека белгиските оператори, како и белгиската Федерална агенција за нуклеарна контрола, објавуваат информации само тогаш кога тие информации ќе бидат објавени на друго место.“