Бесплатен Podcast
2 октомври 2008Реклама
Дојче Веле претставува 11 изведби во живо од годинашниот Бетовен фестивал - сите можете да ги симнете бесплатно!
Светски познатиот диригент, Курт Мазур и Францускиот национален оркестар на фестивалот изведоа девет симфонии на Бетовен. Од нив, како подкаст, можете бесплатно да симнете четири.
Освен тоа, на вашиот mp3 плеер, компјутер или iPod, можете да ги симнете и музичките дела од класиката што на фестивалот ги изведоа ансамблот Елена Башкирова, Гевандхаус квартетот и ркестарот Антон Рубинштајн од конзерваториумот во Санкт Петерсбург.