1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без политика во јазикот

8 јули 2010

Група македонски лингвисти работат врз Македонскиот дијалектен атлас. Почнаа истражувања во Пиринска Македонија. Таму и во Грција научниците ретко можеа да влезат. Без политика во јазикот - тоа е нивното мото.

https://p.dw.com/p/OE7m
Фотографија: Petr Stojanovski

На Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид се одржа Научна конференција на теми од лингвистиката и литературата. Дел од неа беше посветена на истражувањата за состојбата на македонскиот јазик во соседството и во регионот. Македонските филолози отворено ги коментираат тешкотиите при истражувањата на македонскиот јазик во соседството, особено во Бугарија и Грција, иако работите се движат во позитивна насока. Потребата од создавање Македонски дијалектен атлас уште во далечната 1957 ја актуелизирал познатиот македонист и славист доктор Божидар Видоески. Тој и неговите колеги започнале, а младите научници го следат нивниот пат.

Автор: Мило Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска