1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Без паника! Овие залихи ви се потребни во кризна ситуација

15 март 2020

Кризата со коронавирусот доведе до прогласување вонредни состојби во многу земји. Неретки се случаите на панично купување во супермаркетите. Дознајте што ви е потребно во домот во вакви ситуации, и избегнете паника.

https://p.dw.com/p/3ZT0D
Coronavirus in Kolumbien Bogota Hamsterkäufe in Supermarkt
Фотографија: AFP/D. Munoz

Неколку маркети во Македонија веќе апелираа до потрошувачите да не претеруваат со пазарењето и да не трупаат непотребни залихи. Освен што се создава нервоза и кај другите граѓани поради вештачкиот недостиг на производи, се загрозува и рамноправното снабдување. Неколку европски држави веќе сведочеа на панично купување, но состојбата во меѓувреме се смири. Нема простор ниту потреба за паника. Освен што непотребно ќе го оптоварите вашиот личен или семеен буџет, голема е веројатноста дека голем дел од она што ќе го купите на крајот ќе заврши во корпата за ѓубре.
Еве листа на она што ви е неопходно во кризни ситуации препорачано преку „Концептот за цивилна заштита“ на германската служба за кризни ситуации.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема