1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Литература

Бегалци на север, бегалци на југ

Сабине Пешел
18 октомври 2016

Бодо Кирхоф одамна спаѓа во врвот на германската книжевност. Доделувањето на Германската книжевна награда е само потврда. Во неговата наградена новела двајца луѓе одат на патување во Сицилија и се соочуваат со бегалците

https://p.dw.com/p/2RNmE
Deutscher Buchpreis 2016 - Bodo Kirchhoff
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert

Иако е роден во Хамбург (1948), Бодо Кирхоф објавува главно во Франкфурт, уште од својата прва книга (1979). Студирал во метрополата на Мајна и тука живее кога не е во својот домицил, на езерото Гарда во Италија. Затоа не е чудо што веста дека тој ја доби годинешната Германска книжевна награда наиде на одушевување токму во Франкфурт каде е во тек најголемиот саем на книгата во светот.

Наградената прозна книга се вика „„Widerfahrnis" и останатите јазици мака мачат да најдат адекватен превод на овој германски збор, кој е точно меѓу „настан“ и „искуство“. Некој настан ве „спопаѓа“, па тоа потоа станува искуство. За Кирхоф во книгата е важно токму тоа „спопаѓање“.

Неговите главни протагонисти, бившиот издавач и неговата партнерка, двајцата во 60-та деценија од животот, одат на југ, во Италија, уште еднаш да „вдишат“ сонце, авантура и можеби да ја обноват љубовта.

А на Сицилија ги „спопаднува“ светот - светско-историска драма од библиски размери-бегалците! Но, Кирхоф не ја напишал книгата за тие епски размери на медитеранската драма. Има напишано новела со камерна атмосфера. Намерата му била, како што вели, да најде скромен и точен јазик за нешто за што „нашиот јавен јазик е излитен и исцеден“.

Deutscher Buchpreis 2016 - Bodo Kirchhoff
Фотографија: picture-alliance/dpa/Frankfurter Verlagsanstalt

Освен во актуелната книга, Кирхоф дејството и во своите последни два романи (Желба и меланхолија“ и „Љубов во груби црти“) го смести во Италија. Импулсот за создавање на наградената книга го почувствувал во италијанската стварност. Едно девојче просело на улица: „Она што го видов на тоа патување се врежа во мене. Крајно, во него имаше нешто посрамувачко, бев беспомошен. Така почна пишувањето.“

Жирито го занемари фактот што самиот издавач книгата ја нарече новела, а Германската книжевна награда се доделува за роман. Ако ја преземеме дефиницијата на големиот книжевен критичар Рајх-Раницки, дека романот е прозен текст од најмалку 200 страници, тогаш оваа книга, строго земено, не влегува во тој поим. Жирито сепак било импресионирано, зашто Кирхоф  напишал „повеќеслоен текст, кој на мајсторски начин ги испреплетува политичките и приватните прашања.“ 

Во секој случај, Кирхоф успеа да ја опише средбата на две меланхолични личности кои „немаат заедничка цел, но одат во ист правец“, кон местото по кое копнеат многубројни Германци, кон италијанскиот југ, и луѓето кои патуваат во обратна насока, кон местата на своите надежи и копнежи, на север.