Бамберг требало да стане голем и значаен колку Рим. Настанал исклучителен град-модел од раниот среден век. На краевите на замислен христијански крст се наоѓаат четирите цркви во стариот дел на градот, а во центарот се наоѓа катедралата, во која е најпознатиот знак на препознавање на градот – Бамбершкиот коњаник. Градот е дел од светското културно наследство на УНЕСКО од 1993. година.