1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атомската централа Натанс била нападната, тврди Иран

Марко Лангер
12 април 2021

Среде разговори за повторно „оживување“ на меѓународниот нуклеарен договор со Иран, земјата тврди дека бил извршен „тероростички“ напад врз нејзина атомска централа. Се работи за пропаганда или за вистински напад?

https://p.dw.com/p/3rrCK
Iran Atomanlage Natans
Нуклеарната централа НатансФотографија: Getty Images/M. Saeedi

Иранската телевизија вчера прво информираше за инцидент во централата Натанс. Имало проблем со електричната мрежа во атомската централа, изјави портпарол на иранските нуклеарни власти. Се тврдеше и дека нема повредени и нема контаминација.

Малку подоцна, информациите звучеа поинаку. „За да им ги помати целите на оние кои издале наредба за овој тероростички акт, Иран и натаму ќе ја подобрува својата нуклеарна технологија и ќе работи на укинување на репресивните американски санкции“, изјави шефот на иранската Агенција за атомска енергија, Али Акбар Салехи за иранската државна телевизија. Тој додаде дека неговата земја го задржува правото да преземе мерки против извршителите и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и меѓународната заедница исто така да реагираат на „ваквиот нуклеарен тероризам“. Портпарол на МААЕ не даде коментар на ваквите изјави одТехеран.

Јавниот радиодифузен сервис Кан во Израел јави дека Мосад извршил сајбер-напад врз атомската постројка Натанс. Телевизијата притоа се повика на извори од тајната служба, но не наведе за чија тајна служба се работи. Штетата во Натанс, како што се вели, е поголема отколку што тоа го обелодени Иран. Израелскиот премиер Бејамин Нетанјаху на собир со раководните сили на армијата и тајната служба не се изјасни околу инцидентот во Натанс, но рече дека борбата против нуклеаризација на Иран е огромна задача.

Минатата година, во подземната централа во близина на градот Натанс, изби пожар. Владата тоа исто така го окарактеризира како обид за саботажа на иранската атомска програма. Во моментов во тек сенапори за „оживување“ на Атомскиот договород 2015 година, со кој би требало да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.