1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атентатот во Минхен не е ни исламистички, ни политички

ЖА/ртре/дпа/афп23 јули 2016

Убиецот немал врски со исламисти. Жртвите се млади луѓе, осум на возраст меѓу 14 и 20 години, тројца од Косово, тројца Турци. Истрагата проверува дали убиецот со покана на Фејсбук намамил поголем број луѓе во ресторанот.

https://p.dw.com/p/1JUkU
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Hase

Атентаторот од Минхен, според истрагата, немал никакви контакти со исламистички екстремисти.

„Сметаме дека станува збор за класичен убиец без било каква политичка мотивација“, изјави портпаролот на минхенското обвинителство, Томас Штајнкраус-Кох на прес конференција во Минхен. Заклучокот се темели врз претресот на станот на 18-годишниот Германец со иранско потекло. Таму е пронајден обемен материјал во врска со масовни убиства, но никакво укажување за поврзаност кон исламистите. Можно е ученикот, инаку роден во Германија, да бил инспириран од масовниот убиец Брејвик во Норвешка или еден масакр во училиште во Виненден во Германија во 2009 година. Освен тоа, извршителот на убиствата очигледно бил во психијатриски третман поради депресија. Тоа се вклопува во профилот на масовно убиство. Сојузното обвинителство, кое врши истраги поврзани со деликти од областа на државна заштита, од овие причини одбило преземање на делото.

Deutschland Tödliche Schießerei in München
Прес на полицијата во МинхенФотографија: Reuters/A. Wiegmann

18-годишниот ученик во петокот попладнето (22.07) уби девет луѓе во близина на ресторан за брза храна и на трговски центар во Минхен, по што и самиот си го одзел животот. Истрагата е насочена и кон укажувања дека убиецот преку Фејсбук намерно намамил луѓе во ресторанот.

Истрагата тврди дека напаѓачот оружјето со кое го извршил делото го поседувал нелегално. Кај него биле пронајдени и околу 300 куршуми.

Родителите на убиецот засега не се во состојба дададат исказ. Соседите инаку го опишуваат атентаторот како љубезен и најчесто добро расположен.

Deutschland Tödliche Schießerei in München
Во Минхен владее шокираност по атентатотФотографија: picture-alliance/dpa/K.-J. Hildenbrand

Жртвите на атентатот се претежно млади луѓе, осум од девет убиени се на возраст меѓу 14 и 20 години, изјави раководителот на минхенската полиција Хубертус Андра. Меѓу убиените се три од женски пол. Сите жртви се од Минхен и околината, меѓу нив нема странци или туристи, тврди полицијата.

Косовската влада пак соопшти дека меѓу минхенските жртви се тројца државјани на оваа земја. Приштинското министерство за надворешни работи притоа се повикува на германски извори.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу убиените има исто така тројца Турци.