1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија го запре вакцинирањето со АстраЗенека

Елеоноре Улих
15 март 2021

Институтот „Паул Ерлих“ оцени дека се неопходни натамошни испитувања, по што Министерството за здравство го запре вакцинирањето со АстраЗенека. Претходно имаше информации за тромбози поврзани со вакцината.

https://p.dw.com/p/3qetO
Weltspiegel 15.03.2021 | Corona | AstraZenevca-Impfstoff
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Европската агенција за лекови ЕМА ќе донесе одлука „дали и како новите сознанија ќе се одразат врз дозволата за вакцината“, соопшти попладнево портпарол на Министерството за здравство на Германија. Досега во земјата се дадени околу 1,7 милиони дози од вакцината АстраЗенека.

Германската влада досега не се откажуваше од вакцинирање со АстраЗенека, иако повеќе земји донесоа таква одлука. Прва беше Данска во четвртокот (11.03.2021).

Копенхаген одлуката за прекин на вакцинирањето ја образложи со повеќе случаи на згрутчување на крвта по добиена доза на АстраЗенека. По Данска следуваа Норвешка, Исланд, како и ЕУ-земјите Бугарија, Ирска и вчеравечер - Холандија. Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и Луксембург го прекинаа вакцинирањето со дози од една производствена серија на АстраЗенека, додека Италија и Романија го стопираа користењето на друга производствена серија.

Повеќе:

Данска, Норвешка и Исланд од „претпазливост“ ја сопреа вакцинацијата со АстраЗенека

 Пауза за вакцинацијата со АстраЗенека во уште две европски земји

АстраЗенека: Се бара решение за неискористените вакцини

Британско-шведкскиот концерн нагласува дека анализата на повеќе од 10 милиони случаи не дала „никакви докази за зголемен ризик од белодробна емболија или тромбоза“. Ендру Полард, кој работеше на создавање на вакцината и е раководител на Oxford Vaccine Group, денеска изјави дека има „многу смирувачки докази“ оти вакцината во Велика Британија, каде АстраЗенека се употребува најмногу од сите држави во Европа, досега не довела до зголемување на згрутчувања во крвта.