1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арифи: Македонија ќе бара ЕУ- скрининг од јануари

2 декември 2011

Македонската вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи изјави е битно процесот на скрининг на Македонија од страна на ЕУ да започне затоа што тоа би било една голема поддршка и поттик на домашните реформи.

https://p.dw.com/p/13LQp
Попретседателката на македонската влада задолжена за евроинтеграциите Теута АрифиФотографија: DW

Попретседателката на македонската влада задолжена за евроинтеграциите Теута Арифи на маргините на регионалната конференција „ Членството во ЕУ-уставни предизвици на земјите кандидати во ЈИЕ“ во Скопје порача дека Македонија се ангажира за добивање датум за преговори, истовремено со решавање на проблемот со името, односно од јануари ЕУ да го отвори скрининг процесот за Македонија.

„Мислиме дека е многу битно тој процес да започне затоа што тоа би било една голема поддршка и поттик на домашните реформи така како што бара ЕУ под точките како што ги бара Унијата. Сметаме дека отворањето на скрининг процесот тоа би го помогнало“, подвлече Арифи.

Според неа, Македонија би требало да се обврзе со временски рок за решавање на името доколку влезе во таков процес.
„ Не можам да кажам за кое време, но мислам дека би требало да се лимитираме со временски рок, посочи Арифи и при тоа додаде, како што вели, оти може да се каже дека е тоа период од една година, бидејќи вообичаено се смета оти толку трае процесот на скрининг“.
Запрашана на кој начин ќе се издејствува согласност за датумот од Грција спроти почетокот на Советот на ЕУ, таа посочи оти тоа ќе биде сторено со повикување на добра волја и преку партнерство со ЕУ.
„Секогаш има аргументи. Мислам дека деблокирањето на процесите на евроатлантските интеграции, една земја од соседството да биде членка на ЕУ и на НАТО, е најголемиот аргумент што јас имам намера да го кажам“, вели вицепремиерката аргументирајќи го ваквото барање.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска