Апел на македонското Собрание до Европската комисија
28 октомври 2011Реклама
Во заклучоците на Собранието, меѓу другото, се посочува дека оценките и коментарите содржани во Извештајот се одраз на реалните состојби во Македонија и се задолжува Владата да изготви план за реализација на препораките.
Во точка девет, пак, со жалење се констатира отсуството на придавката „македонски“ во Извештајот на ЕК. „Собранието ја повикува Европската комисија согласно принципот на почитување на европските различности без одлагање да ја преиспита неупотребата на придавката македонски во контекст на јазиците и културните особености во Република Македонија, а согласно официјалната терминологија на Обединетите нации“, стои во документот.
Автор: ГЧ/ миа
Редактор: А.Трајковска