1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Англија во финале, Англичаните во екстаза

8 јули 2021

Англичаните се надвор од себе од радост - прво финале по 55 години, шанса за освојување на европската титула во фудбал!

https://p.dw.com/p/3wC20
Euro 2020 - Semi Final - England v Denmark
Фотографија: LAURENCE GRIFFITHS/REUTERS

Историската димензија на сопственото постигнување и кај хероите на Вембли предизвика силни чувства. „Неверојатно, ќе играме во финале и тоа дома. Какво чувство!“, изјави Хери Кејн по натпреварот со Данска, кој по продолженијата заврши со резултат од 2:1.

Во недела, во финалето, Англија игра против фаворитот Италија. „Знаеме дека ќе биде тешко, но досега имаме извонреден турнир. Уште само овој натпревар на домашен терен. Одвај чекаме“, вели капитенот Кејн.