1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аматриче една година по земјотресот: „Како воена зона“

ЕМФ
24 август 2017

Италија денеска се сеќава на катастрофалниот земјотрес во регионот на Аматриче пред една година. Видео снимки направени со дрон ја прикажуваат општината, која и натаму е во урнатини и пустош.

https://p.dw.com/p/2ikWa
Italien Zerstörung in Amatrice ein Jahr nach dem Erdbeben
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Monteforte

Воена зона среде Европа? Пред една година земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди централна Италија. Загинаа 299 луѓе. Оттогаш срцето на регионот е разурнато. Аматриче некогаш беше едно од најубавите места во Италија. Денес е опустошено. Во изминатата година не се случи многу. Бирократијата ѝ стои на пат на обновата. Локалните политичари стравуваат дека младите ќе се иселат. Сепак, многу жители сонуваат за навидум невозможното: комплетна реставрација на општината.

Политичарите тврдат дека обновата ќе трае 10 години. Трошоците се проценуваат на 23 милијарди евра.

Пустош во Аматриче