1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амазонските шуми се уништуваат со рекордно темпо

ЖА / агенции
19 ноември 2021

Бразил на Климатската конференција во Глазгов вети заштита на своите дождовни шуми, барем од 2028 година. Но, досега сечата напредува со рекордно темпо.

https://p.dw.com/p/43ECU
Brasilien | Brandrodung im Amazonas Regenwald
Фотографија: Fernando Souza/ZUMA Press/picture alliance

Бразил вети дека во иднина подобро ќе ги штити дождовните шуми во Амазонската област. Но, сечата на тамошните шуми повторно се засилува, според информациите на Националниот институт за вселенски истражувања. Површината на која е уништена шумата меѓу август 2020 и јули 2021 година изнесувала 13.235 квадратни километри, покажуваат сателитски снимки.

Институтот констатира зголемување за 22 % во споредба со периодот од август 2019 до јули 2020, што значи најголема уништена површина на шума од 2008 година наваму.

Бразил, каде во изминатите месеци во големи делови имаше недостиг од вода и владееше суша, има клучна уога во заштитата на климата. Уделот на Бразил во  Амазонија,  која се смета за „бели дробови“ на Земјата и има огромна улога во неутрализирањето на штетниот по климата гас ЦО2, површински изнесува колку западна Европа. Но, десничарскиот бразилски претседател  Болсонаро во оваа облас гледа само  неискористен економски потенцијал.

Под интернационален притисок, бразилската влада на Конференцијата на ОН посветена на климата, КОП26 во Глазгов, најави стопирање на илегалната сеча и палењето на амазонските дождовни шуми до 2028 година.

Климатска катастрофа во сиромашните земји

Сега објавените податоци датираат од 27 октомври, значи пред Климатската конференција во Глазгов, што значи дека бразилската влада се обидела да го поправи својот имиџ, не објавувајќи го најновиот рекорд во уништување на  амазонските прашуми,  се истакнува во реакцијата на еколошката организација Гринпис.

ЕУ во средата поднесе предлог за ограничување на увоз на стоки за чие производство се уништуваат шуми, од што може да биде погоден и Бразил. Бразилското земјоделско здружение објави соопштение со критика поради предлогот на ЕУ.