Алжир: Над 250 мртви во пад на авион
11 април 2018Државната телевизија во Алжир пренесува дека во авионската несреќа настрадале најмалку 257 лица. Меѓу загинатите се десет членови на екипажот и 247 патници во авионот, главно војници и припадници на нивните семејства, соопшти алжирското министерство за одбрана. Тоа не даде никакви информации за евентуални преживеани во катастрофата. Медиумите пренесуваат оти авионот се урнал во близина на воената база Буфарик во провинцијата Билда, која се наоѓа 25 километри јужно од главниот град Алжир.
Агенцијата АПС потврди дека авионот паднал набрзо по полетувањето од базата Буфарик кон југозападот на Алжир. Воениот траспортер кој падна е од руско прозводство- Илјушин II-76 со 4 мотори.
Фотографиите и видео снимките од местото на настанот покажуваат запалени остатоци од авион, како и бројни спасувачи и пожарникари на едно поле. Причината за несреќата е сѐуште непозната.