1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ал Каеда - заслабна, но не исчезна

Шамил Шамс / А.Трајковска26 мај 2014

По повеќе од три години од смртта на Осама бин Ладен се чини дека аткивностите на Ал Каеда се концентрирани на Средниот Исток. Терористичката група, како и досега, соработува со други исламистички групи во јужна Азија.

https://p.dw.com/p/1Bspg
Фотографија: Reuters

Смртта на најбараниот терорист Осама бин Ладен, на 2 мај 2011 година, беше опишана како крај на една ера. И покрај обвинувањата дека пакистанската влада го поддржувала Бин Ладен, самиот факт дека беше убиен државниот непријател број еден на Америка се сметаше за тежок удар за Ал Каеда. Вашингтон зборуваше за победа над терористичката мрежа по две децении. Но, какво влијание имаше смртта на Бин Ладен врз делотворноста на Ал Каеда? Дали терористичката мрежа денес е помалку активна и опасна во јужна Азија отколку пред три години?

Заслабнати структури

Според гледиштето на Симбал Кан, научна соработничка во вашингтонскиот центар „Вудро Вилсон“ и соработник на „Исламабад иститутот за политички истражувања“, Ал Каеда уште пред смртта на својот некогаш влијателен водач била заслабната. Американските напади со беспилотни летала во немирните области во близина на границата со Авганистан биле една од главните причини за одлуката на терористичката мрежа да го намали своето присуство во регионот.

„Заедно со воените операции на пакистанските сили за безбедност нападите со беспилотни летала силно ја ограничија слободата на движење на Ал Каеда во овие области“, вели Кан за Дојче веле. „Не смееме да заборавиме, дека Ал Каеда ги користи локалните конфликти за себе (за да привлече внимание, н.з.). Со најавата на претседателот на САД Обама, до крајот на 2014 да ги повлече меѓународните трупи од Авганистан, и Ал Каеда го загуби интересот за регионот“, додава Кан.

Експертот за антитероризам од Лондон Гафар Хусаин е согласен со оваа проценка.

Osama bin Laden Zeitung Nachricht Zeitungsartikel
Убиството на Бин Ладен во 2011 година беше тема во целиот светФотографија: picture-alliance/dpa

„Раководството на Ал Каеда во авганистанско-пакистанската гранична област, кое раководеше со џихад-движењето во целиот свет, беше елиминарно уште пред смртта на Бин Ладен“, вели Хусаин. Но, Кан истовремено предупредува да не се донесе заклучок дека Ал Каеда не постои повеќе во Пакистан и во Авганистан. „Присутноста е помала, но Ал Каеда соработува со локалните екстремистички групи, се подели на помали групации во Пакистан и Авганистан“. Меѓу најважните групи кои соработуваат од Ал Каеда, според неговото меслење се вбројува и Терик-и-Талибан Пакистан.

Ал Каеда - глобално движење

„Ал Каеда уште претходно ги пренасочи своите активности од пакистанските области кон Блискиот Исток и Северна Африка. Овој тренд само се забрза по мај 2011“, вели Кан. Послаба била само централната команда на Ал Каеда, смета експертот Гафар Хусаин. Меѓународните активности напротив во некои делови на светот се зголемуваат. „Ал Каеда е активна во Нигерија, Сомалија, Сирија, Египет и Ирак. Во Сирија, на пример, терористичката организација е посилна од кога и да е. Можеби Ал Каеда нема значење како порано, но различни исламистички милитантни движења како Ал Шабаб во Сомалија или Боко Харам во северна Нигерија работат слично и го преземаа наследството од Ал Каеда“, вели Хусаин за ДВ.

Некои експерти се на мислење дека меѓународната терористичка организација по смртта на Бин Ладен се наоѓала во процес на повторно заживување. „Организацијата е постојано во потрага по нови регрути во конфликтните области. По Арапската пролет и несатабилноста во некои земји на Блискиот Исток Ал Каеда најде нова борбена област. Ако терористичката организација сака одново да се пронајде во Либија и Сирија има поповолни услови отколку во Пакистан или Авганистан“, појаснува Симбал Кан.

Islamistische Rebellen in Somalia
И Ал Шабаб милициите во Сомалија оперирале по примерот на Ал КаедаФотографија: dapd

Наследникот на Бин Ладен

Некои западни набљудувачи претпоставуваат дека наследникот на Бин Ладен на врвот на Ал Каеда - Ајман ал Завахири, би можел да се наоѓа во Пакистан и оттука извлекуваат заклучок дека јужна Азија во иднина за организацијата сѐ уште би можела да биде стратешки важна база.

„Не би била изненадена, ако водачот на Ал Каеда се крие во Пакистан и таму е заштитуван“, вели Кан. „Но, неверојатно е дека се наоѓа на пакистанско-авганистанската граница, оти оваа обалст строго се надгледува. Наместо тоа би можело, како Осама бин Ладен, да се крие во некој пакистански град. Но, тоа не може да се знае со сигурност. Исто така тој би можел да живее на Блискиот Исток или во северна Африка“, смета Кан.

Експертите за безбедност меѓутоа се сомневаат дека Ал Завахири би можел да даде голем придонес за повторно заживување на Ал Каеда, бидејќи во меѓувреме има 62 години.