1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Светски ден на акушерките

Арбнора Мемети
5 мај 2021

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Ковид-центарот на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје на лекување или породување биле примени над 450 трудници кои на свет донесле 340 новороденчиња.

https://p.dw.com/p/3sy2A
Nordmazedonien Babypflege während die Coronavirus-Pandemie
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

ГАК е единствениот центар во С. Македонија каде што се лекуваат и породуваат трудниците кои се позитивни или суспектни на коронавирусот. Негата за пациентите и породувањето се спроведуваат под посебни протоколи и правила, а сите медицински лица во центарот се постојано во скафандери и заштитна опрема. 
По повод годинешниот Светски ден на акушерките (5 мај) им благодариме на неуморната работа и пожртвуваност во екот на пандемијата на коронавирусот.