1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Азија: Бум на воздухопловството

17 јануари 2012

На Азија се гледа како на бум-регион за воздушниот сообраќај. Така, Кина веќе со домашните летови ја надмина Западна Европа и само за малку е зад СА Д. Kинеската Нова година е шпиц сезона на патување во Кина.

https://p.dw.com/p/13kpE
Кинеската Нова Година е шпиц сезоната за патување во АзијаФотографија: AP

Времето околу кинеската Нова година, попознато како „Пролетен фестивал“, е шпиц сезона за патувања, нешто што се чувствува и на аеродромот во Шангај. Таму минуваат по 1 700 авиони на ден слетувајќи или полетувајќи од источно-кинеската економска метропола. Севкупно, според властите, слетувањата низ земјата се за седум проценти поголеми во споредба со претходната година. Кај домашните летови Кина веќе ја надмина Западна Европа и е за малку зад САД.

Indira Gandhi International Airport in New Delhi Indien
Меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ во Њу ДелхиФотографија: AP

Дури и кај авиокомпаниите регионот Азија-Пацифик е далеку пред останатите. Според проценките од Ербас, 33 проценти од глобалниот удел на пазарот веќе речиси 20 години доаѓаат од превозници од регионот. На САД и Европа отпаѓаат 20, односно 25 проценти.

Значајно зајакнување во побарувачката има од околните земји со растечки пазари како Индија. На значење добиваат и големите меѓународни аеродроми каде се вкрстуваат патиштата. Во моментов единствена причина за незадоволство: поврзувањата со и во Европа, за коишто компаниите од почетокот на годинава мораат да плаќаат за испуштањето на гасови штетни по климата. Тоа не им се допаѓа на провајдерите од Америка и Азија, кои летаат кон Европа.


Автор: Јан Палокат / Александар Методијев

Редактор: Ж.Ацеска