1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Сомнителни пратки во амбасади и во конзулати

СН/ агенции
9 јануари 2019

Австралиската полиција ја проверува испораката на сомнителни палети на странски амбасади и конзулати во Мелбурн и во Канбера. Дали во тоа има терористичка заднина сѐ уште е целосно нејасно.

https://p.dw.com/p/3BElf
Australien Feuerwehr vor den Konsulaten von Indien and Frankreich in Melbourne
Фотографија: Reuters/AAP Image/K. Offer

Повеќе сомнителни пакети испратени се на адресите на амбасадите и на конзулатите во австралиските градови Канбера и Мелбурн. Во тек е испитување на пратките и се врши истрага за околностите на инцидентот. Од полицијата не открија повеќе детали за истрагата.

Противпожарната бригада во Мелбурн соопшти дека е повикана на „низа инциденти“ ширум градот, јавува Би-Би-Си.

На интернет сајтот на владата на Австралија е објавено дека се забележани најмалку 10 инциденти со опасни материјали во Мелбурн, меѓу останатите во дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија, Шпанија и на Јужна Кореја. Сомнителни пакети се пронајдени и во конзулатите на САД, Швајцарија, Пакистан и на Нов Зеланд во Мелбурн, но и во дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонг Конг.

Од конзулатот на Нов Зеланд велат дека пакетите имале ознака „азбест“, а во нив се наоѓала пластична кеса за сендвичи со непознат влакнест материјал.

Australien Honorargeneralkonsulat der Bundesrepublik Deutschland in Melbourne
Фотографија: 2019 Google

„Пакетите се испитуваат во итните служби. Околностите се истражуваат“, соопшти австралиската федерална полиција.

Државната полиција во Мелбурн наведува оти инцидентите веројатно се „целни и не влијаат на општата заедница“.

Швајцарскиот конзулат во Мелбурн соопшти дека примиле пакет означен како „азбест“, изјави Петер Ерб, сопруг на почесната конзулка Мануеле Ерб.

Тој за Би-Би-Си изјави дека веднаш повикале итна служба која го однесла сомнителниот пакет.

„Сега знаеме оти предметот веројатно не преставуваше опасност“, рече Ерб.

Американскиот конзулат во Мелбурн исто така ги известил властите за сомнителен пакет.

Во понеделникот сомнителни пакети со бела материја се испратени во аргентискиот конзулат во Сиднеј. Подоцна е утврдено дека тие не се токсични.