1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Tортура од авганистански власти врз заробеници на ИСАФ

15 ноември 2007

Тврдењето на Амнести интернешенел го потврди за Дојче Веле и германски генерал, командант во ИСАФ. НАТО ги отфрла критиките. Во официјален Берлин се вели дека извештајот биде проверен, а опозицијата бара расветлување.

https://p.dw.com/p/CE1r
Генерал Егон Рамс вели дека ни германските трупи не се изземени од таквата практикаФотографија: DW

Организацијата за човекови права Амнести Интернешенел (АИ) искажа критика за односот на Меѓународните заштитни трупи за Авганистан (ИСАФ) спрема заробениците. Тие им биле предавани на домашните власти, пред се’ на тајната служба, па некои биле изложени на тортура или изчезнале, тврди АИ.

Егон Рамс, генерал на Бундесверот, на командна позиција кај трупите во Авганистан, за Дојче Веле потврди дека имало малтретирања и тортура на заробеници, кои ИСАФ им ги предал на авганистанските власти. „Има поединечни случаи на постапувања во авганистанските затвори, кои не се соодветни на меѓународното јавно право, на хуманитарното право, како ни на нашите сфаќања. Случаите ни се познати. Ние се обидуваме да реагираме на ова, така што на локалните водачи им оставаме да решат дали заробениците треба да им бидат предадени на авганистанските власти или не“ – рече генерал Рамс.

НАТО ги отфрла прекорите од АИ

Со изјавите за Дојче Веле генералот ги потврди тврдењата на Амнести интернешенел изнесени во вторникот во Брисел. НАТО засега ги отфрли сите прекори тврдејќи дека нема такви сознанија. Генерал Рамс, пак, отворено зборува дека имало такви случаи кај канадските трупи од составот на ИСАФ: „Канаѓаните во својот извештај го идентификувале тоа во провинцијата Кандахар и потоа веќе не им ги предаваа своите заробеници на авганистанските власти, ако тие не гарантираат дека ќе бидат почитувани нивните човекови права“.

Политиката е на потег

Германскиот генерал укажа дека со правилата на ангажманот и неговите војници се принудени заробените да им ги предаваат на домашните власти. „Тоа не е безусловно чисто војнички проблем, туку таква е актуелната командна ситуација, одобрена од Советот на НАТО. Таа предвидува израчување во рок од 96 часови. Сега очекувам политиката да дејствува и да влијае кај авганистанската влада за да се променат работите. Кога се придржуваме кон издадените и одобрени наредби, многу е лошо што потоа војниците се чувствуваат како на магарешка клупа оти нешто направиле погрешно“ – вели генерал Егон Рамс.

Амнести интернешенел побара веднаш да запре израчувањето заробеници на авганистанските власти. Парламентарниот државен секретар во германското Министерство за одбрана Кристијан Шмит побара расветлување на прекорите и најави проверка на извештајот на Амнести.

Бернд Ригерт, Брисел