1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоГлобално

Финците најсреќни во светот, Македонците на 84-то место

СН/агенции
20 март 2024

Седми пат по ред Финска е прогласена за најсреќна земја во светот. Северна Македонија пак се наоѓа на средина на ранг-листата на најсреќни земји во светот.

https://p.dw.com/p/4dvEF
Која е тајната на среќата на Финците?
Која е тајната на среќата на Финците?Фотографија: Jussi Nukari/Lehtikuva/AFP via Getty Images

Најсреќните луѓе на Земјата и натаму живеат далеку на север. Според најновиот Светски извештај за среќата (World Happiness Report) објавен денеска Финска остана најсреќната земја во светот седми пат по ред, а нејзините нордиски соседи Шведска, Данска и Исланд, исто така, ги задржаа своето место во првите топ 10. 

Но, растечкото незадоволство, особено кај младите, доведе до пад на другите западни земји на ранг-листата (која е составен дел од годишниот извештај изработен под покровителство на ОН. Притоа Соединетите Американски Држави и Германија за првпат отпаднаа од првите 20 од првичното објавување на извештајот пред повеќе од една деценија. Во актуелниот извештај Германија се наоѓа на 24-то место, додека САД на 23-то.

Северна Македонија е на 84-то место, додека на листата на младите до 30 години во земјата се нешто посреќни и се наоѓаат на 67-мо место. Во минатогодишното рангирање земјата се наоѓаше на 87-то место, што значи скок од три места. Што се однесува до земјите од регионот, Словенија се наоѓа на 21-то место, Косово е 29-то., Србија е 37-ма, Хрватска е 63-та, Грција е 64-та., Босна и Херцеговина е 65-та., Црна Гора е 76-та., Бугарија е 81-ва, а Албанија е на 87-то место и со тоа единствена земја во регионот каде луѓето се чувствуваат понесреќни од Македонците.

Авганистан, кој е погоден од хуманитарна катастрофа откако талибанците ја вратија контролата во 2020 година, остана на последното место.

Во истражувањето е побарано од луѓето во 143 земји и територии субјективно да го оценат квалитетот на својот живот на скала од нула до 10 во периодот од 2021 до 2023 година, земајќи ги предвид факторите како што се БДП по глава на жител, социјалната поддршка, здравиот животен век, слободата, дарежливоста и отсуството на корупција.

Објавувањето на истражувањето се совпаѓа со Меѓународниот ден на среќата 20-ви март.