1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаШведска

Шведска и Данска – палење на Коранот и слободата на мислење

Лусиа Шултен
5 август 2023

Палењето на Коранот, што предизвикува бурни реакции и медиумско внимание, се случува во сложен контекст. Ова се одговори на некои прашања поврзани со оваа тема.

https://p.dw.com/p/4Ujck
Исламабад, Пакистан, палење на Коранот во Шведска
Протест во Исламабад, Пакистан, против палење на Коранот во ШведскаФотографија: Anjum Naveed/AP/picture alliance

Палењето на Коранот од претходната недела станува сѐ поголем проблем за Данска и за Шведска. Имаше неколку акции во кои примероци на Светата книга на муслиманите беа оштетени или уништени. Двајца ирачки активисти во Шведска осквернавија примерок на Коранот, што доведе до тензии меѓу оваа скандинавска земја со државите со муслиманско мнозинство. Во неделата шведскиот премиер Улф Кристерсон на Инстаграм објави дека Шведска се наоѓа во „најнапнатата безбедносна ситуација по Втората светска војна.“

Реакции на палењето

Зошто токму сега се пали Коранот е тешко прашање, смета Тобијас Еколд, истражувач од Норвешкиот институт за меѓународни односи. Тој вели дека во тие земји постои „не накој начин традиција“ на критичко, но во овие случаи дури и омаловажувачко изјаснување задруги религии, посебно за исламот.Тој потсетува дека и лани имаше такви акции, кои тогаш ги изведуваа екстремни десничари и десни популисти.

Улф Кристерсон, Реџеп Таип Ердоган, НАТО, Јенс Столтенберг во Вилнус, Литванија
Шведскиот премиер Улф Кристерсон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вилнус, ЛитванијаФотографија: Henrik Montgomery/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Шведска сака да влезе во НАТО и во јули доби зелено светло и од Турција. Но, Анкара својата согласност ја услови со тврда линија кон Работничката партија на Курдистан во Шведска и го осуди палењето на Коранот. Сега и турскиот парламент треба да го одобри приемот на нови членки во НАТО. Политикологот Еколд верува дека палењето на Коранот токму во време кога се чека на одлуката не е случајно. Ситуацијата ескалира, една акција предизвика реакција итоа така продолжува.

Зошто токму во Данска и во Шведска?

„Обете земји имаатширок и далекусежен поим за слобода на мислење“, објаснува Еколд и додава дека токму затоа таму се изведуваат вакви акции. Другите земји се порестриктивни, таму таквите акции би можеле да се оквалификуваат како „подбуцнување на народот“. Шведскиот устав меѓутоа изричито вели дека критика на религијата е дозволена.Освен тоа, во Шведска досега не постои ниедна пресуда која би го оквалификувала палењето на Коранот или други свети книги како „подбуцнување на народот.“

Во Данска во 2015 година изби скандалот со карикатурите на Мохамед, објавени во најтиражниот дански дневен весник „Јиландпостен“, што предизвика протести на муслиманите ширум светот.

„Швеѓаните и Данците, и во општеството и во политиката, инсистираат токму на таа сѐопфатна слобода на мислење и имаат голем отпор таа да се ограничи на било кој начин“, објаснува Еколд, чие поле на истражување се надворешната и безбедносната политика на скандинавските земји.

Кои се последиците?

Настаните во Шведска и во Данска доведоа до жестоки протести и дипломатски несогласувања со муслиманските земји. Посебно во Ирак дојде до немири. Во средината на јули Багдад ја протера шведската амбасадорка. Претходно демонстранти провалија во шведската амбасада и подметнаа оган.

И Иран во средината на јули најави дека нов шведски амбасадор е непожелен, бидејќи на стариот му истече мандатот. И во Иран имаше протести. Саудиска Арабија најави дека ќе ѝ упати протестна нота на Шведска и го повика амбасадорот на разговор. Алжир минатиот месец ги повика на разговор амбасадорите на Данска и на Шведска. А Турција од двете земји побара да воведат мерки против палење на Коранот.

Палење на Коранот пред ирачката амбасада во Копенхаген
Палење на Коранот пред ирачката амбасада во Копенхаген - членови на „Данските патриоти“ на 24 јули Фотографија: Thomas Sjoerup/Ritzau Scanpix via REUTERS

Меѓутоа, тие настани имаат последици и на внатрешен план. На скалата во која најголемата опасност од терористички напади се означува со пет, Шведската новата проценка за опасност ја означи со три, а Данска со четири.

Кои мерки ги преземаат Данска и Шведска?

Двете земји го осудија палењето на Коранот, но укажаа и на слободата на мислење поради која морале да дадат дозвола за одржување такви собири. Освен тоа, посебно Шведска инсистира на тоа дека акциите ги извеле поединци, а не државата. Во центарот на вниманието е ирачкиот државјанин Салван Момика со своите акции.

Двете земји моментално испитуваат можни мерки за забрана на собирање со цел палење на Коранот.Во неделата данскиот министер за надворешни работи Локе Расмусен рече дека данската влада е во потрага по „правен инструмент“ за да забрани такви акции пред амбасадите.

Во Шведска е во тек разгледување на прашањето дали треба позначајно да бидат проширени надлежностите на полицијата за да се спречи палење на Коранот и како може да се врши претрес на поединци. Полициските контроли во земјата и на границите би требало да бидат заострени. Меѓутоа, не постои желба за откажување од темелното начело за слобода на мислење, како што пред новинарите нагласи шведскиот премиер Улф Кристерсон во вторникот. Политикологот Еколд смета на „силен отпор“ во спектарот на десните популисти, кои моментално ја поддржуваат владата.