1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ши Џинпинг и Путин: кинеско влијание во „рускиот двор“

Вилијам Јанг
15 септември 2022

Средбата меѓу претседателите на Кина и Русија во Узбекистан се случува во време кога Москва и Пекинг сакаат да ги продлабочат своите врски со Централна Азија, истовремено демонстрирајќи обединет фронт против Западот.

https://p.dw.com/p/4GviK
Ши Џинпинг и Владимир Путин - заеднички, но и спротивни интереси
Ши Џинпинг и Владимир Путин - заеднички, но и спротивни интересиФотографија: Sergei Bobylev/TASS Host Photo Agency/dpa/picture alliance

Претседателот на Кина, Ши Џинпинг е во својата прва посета во странство по повеќе од две години - прилика за Пекинг да го демонстрира своето геополитички влијание во пресрет на Националниот Конгрес на Кинеската комунистичка партија во октомври годинава. 

Посетата на Ши во Казахстан и Узбекистан се поклопи со средбата со Владимир Путин на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, кој почнува денеска во Узбекистан. 

Иако руските релации со Западот продолжуваат да се влошуваат поради инвазијата на Москва врз Украина,  Ши не ѝ го сврте грбот на Русија  и и двете земји продолжуваат да ја продлабочуваат економската соработка. 

Откако започна инвазијата во февруари, Ши и Путин се сретнаа на маргините од Зимските олимписки игри во Пекинг за да го потенцираат партнерството „без ограничување” и истовремено презентирајќи обединет фронт против светскиот поредок предводен од САД. 

Додека западните санкции сѐ повеќе ја отцепуваат руската економија од европските и американските пазари,  Кина овозможи економска поддршка за Москва,  вклучително и купување на големи количини руска извезена енергија и испорака на возила и други производи во Русија. 

Кина зазема руска страна во однос на Украина

На 9 септември високорангираниот функционер од Комунистичката партија, Ли Жансу се сретна со руски пратеници и искажа поодршка за Москва, а ги критикуваше западните санкции.  

„Целосно ја разбираме потребата од сите средства употребени од страна на Русија, со цел да ги заштити своите клучни интереси и ние даваме своја поддршка," рекол Ли според соопштение на Руската Дума. 

„Во украинскиот спор гледаме како тие (Западот) ја ставија Русија во невозможна ситуација. Во таков случај Русија направи важен избор и одговори цврсто," наводно рекол Ли. 

Пред да ја посети Москва, Ли бил и на Источниот економски форум во рускиот град Владивосток на 7 септември, каде што се сретнал со Путин и како што пренесе кинеската државна новинска агенција, ѝ се заблагодарил на Русија за „цврстата поддршка во однос на тајванското прашање."

Чијен Ју Ши, експерт на Институтот за Централна одбрана и безбедносни истражувања во Тајван, за ДВ вели дека заедничките тензии со Западот ќе ја поттикнат соработката меѓу Русија и Кина, дури и ако Пекинг бара начини да продре во традиционалната руска сфера на влијаниево Централна Азија.  

„Засега околностите ќе ги присилат да се држат заедно и да работат против заедничкиот непријател," вели тој.

Нива Јау, виш истражувач во Академијата на ОБСЕ, странски тинк тенк во Киргистан, смета дека руско-кинеската Алијанса е градена врз заедничката цел да се создаде алтератива за светски поредок предводен од Западот. Но, таа смета дека има ограничувања во однос на тоа каде тие интереси се спојуваат, бидејќи Русија сака да ја обнови својата сфера на влијание во Азија. 

„Кина не сфаќа дека целта на Русија не е да го урне Западот, туку да го обнови Советскиот Сојуз," вели Јау.

„Кина ќе се разбуди кога нештата ќе почнат да се одмотуваат," вели таа, додавајќи дека во иднина Кина мора да биде способна брзо да ги адаптира релациите со Русија во склад со геополитичкиот релјеф.

Претседателот на Казахстан, Токаев, има и свои сметки
Претседателот на Казахстан, Токаев, има и свои сметкиФотографија: Sergei Bobylev/Tass/IMAGO

Зошто е важна Централна Азија?

И Кина и Русија сакаат да си го зголемат своето влијание во земјите од Централна Азија, како Казахстан и Узбекистан. За Кина, регионот е важен јазол во глобалниот инфраструктурен проект „Појас и пат“. Москва се труди да ја задржи улогата на примарен стратешки и економски партнер во регионот кој порано беше дел од Советскиот Сојуз.

Но државите од Централна Азија си бараат и нови партнери во арапскиот свет и Јужна Азија, бидејќи не сакаат да бидат премногу зависни ниту од Кина, ниту од Русија поради тензиите во Украина, вели Јау.

„Руската војна во Украина предизвикува немир во Централна Азија,“ додава таа, истовремено нагласувајќи дека и двете, и Русија и Кина сакаат да се осигураат земјите од Централна Азија да не се зближат со новите партнери.

„Мислам дека самитот на СЦО ќе биде основа за сите земји да си ги изразат своите интереси и намери,“ вели таа. Казахстан е важен партнер за Кина во Централна Азија и извор на минерали, метали и енергенси, а исто така служи и за важен транспортен и транзитен јазол меѓу Европа и Кина.

Дали спасот е во Казахстан?

Политичкиот аналитичар Бредли Жардин, соработник во Вилсон Центар – тинк тенк од Вашингот смета дека посетата на Ши е симболична.

„Казахстан е местото од каде во 2013 година ја најави иницијативата „Појас и Пат“, која е значаен елемент на неговото надворешно политичко наследство бидејќи ја покажа растечката позиција на Кина на глобалната сцена,“ вели Жардин.

Сепак,  политичкиот пејсаж во Казахстан и понатаму останува кревок  по големите протести во јануари поради зголемените цени на енергијата, во кои загинаа над 200 лица. Русија се вклучи, на барање на претседателот Касим-Жомарт Токаев, да осигура безбедност во контекст на Организацијата на договорот за колективна безбедност, меѓувладин воен сојуз во кој се неколку поранешни советски републики и Русија. И Кина исто така понуди поддршка за време на протестите, вели аналитичарката Нива Јау, но земјата не одговори на понудата што ја остави Кина „вознемирена и во прашалници“ за тоа каква е политиката на претседателот Токаев кон Кина.

„Поради тоа  Казахстан е важна земја за посета од аспект на Кина,  со оглед на глобалната средина и билатералните односи,“ вели Јау. Исто така се очекува Ши и Токаев за време на разговорите неделава да се фокусираат и на зајакнување на економската соработка.  Кина долго време беше активна во економскиот развој на Казахстан. Се очекува и инвестициите во индустријата на гас да бидат високо на агендата.  

Ујгурите и Казахстан

Потенцијално чувствителна тема ќе биде кинеската репресија врз Ујгурите, муслиманско малцинство во регионот Ксијанџанг. Казахстан е дом на голем број Ујгури и се граничи со Ксијанџинг.

„За Кина, Централна Азија отсекогаш е регион кој бара постојано внимание поради што ваква поддршка нема никогаш да ѝ биде дадена на ујгурската дијаспора. Казахстан го знае ова исклучително добро и тие не се подготвени да прават јавни отстапки. ‘Под маса’, казахстанската влада им помага на многу етнички Казаци кои доаѓаат од Кина,“ вели Јау.

„Една работа што ќе биде на агендата на Ши е да го натера Казахстан да повтори дека ја подржува Кина кога е во прашање Ксијанџинг, но се прашувам до каде ќе оди казахстанскиот претседател, со оглед на тоа дека е познат патриот и поддржувач на етничкото Казачко единство,“ додава таа.