1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Расчистување на штетите од силното невреме на францускиот остров Корзика
Расчистување на штетите од силното невреме на францускиот остров КорзикаФотографија: PASCAL POCHARD-CASABIANCA/AFP
ПанорамаФранција

Смртоносно невреме во делови од Европа

СН/агенции
19 август 2022

По повеќе недели суша, опасни бури и невремиња зафатија делови од Европа. Во Австрија, на францускиот остров Корзика и во Италија загинаа најмалку 13 луѓе.

https://www.dw.com/mk/smrtonosno-nevreme-vo-francija-italija-i-vo-avstrija/a-62862186

По неколку недели интензивни горештини и суша, областите на централна и јужна Европа беа погодени од силно невреме во кое загинаа најмалку 13 луѓе, меѓу кои и три деца.

Смртни случаи, најмногу поради паѓања на дрва, се пријавени во Италија и во Австрија, како и на францускиот остров Корзика. Силниот дожд и ветер ги уништија камповите на островот. На Корзика ветерот кој дуваше до 224 километри на час, корнеше дрва и оштети куќи.

Спасувачките екипи со полни раце работа по невремето во Австрија
Спасувачките екипи со полни раце работа по невремето во АвстријаФотографија: BFVDL STEIERMARK/APA/dpa/picture alliance

Тамошните власти соопштија дека дрво кое паднало во кампот убило 13-годишно девојче. Маж загинал во сличен инцидент, а една постара жена починала кога нејзиниот автомобил удрил во колиба на плажа. Уште две лица, рибар и кајакарка, загинале во морето.

Повеќе десетици луѓе се повредени и на копно и на море. Очевидците велат дека невремето било ненадејно и не било за него издадено предупредување.

„Никогаш не сме доживеале вакво нешто, би помислиле дека не погоди ураган“, изјави сопственикот на ресторан Седрик Бел.

На француското копно, некои јужни области беа погодени со прекини на струја, а поплавени се и улиците во Марсеј.

Силна бура протатне и низ Венеција
Силна бура протатне и низ ВенецијаФотографија: Andrea Pattaro/AFP/Getty Images

Во Австрија загинаа две девојки кога на нив паднало дрво во близина на езерото во Корушка. Медиумите во покраината Долна Австрија известија за уште три смртни случаи, исто така, како последица од пад на дрва.

Во меѓувреме во Италија, маж и жена загинаа поради паѓања на дрва во одвоени несреќи во регионот Тоскана. Силните ветрови ја погодија и Венеција, носејќи чадори за сонце од кафулињата на плоштадот Свети Марко, а од ѕидовите на катедралата се урна дел од фасадата. Невремето ги погоди поморските одморалишта во Тоскана и посеверно во Лигурија.

Но топлотниот бран продолжи во јужна Италија, а на Сицилија се забележани температури и до 40 степени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница