1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамСоединети Американски Држави

Смртна казна за атентаторот во синагогата во Питсбург

СН/агенции
3 август 2023

Речиси пет години по нападот на синагога во Питсбург, сторителот сега е осуден на смрт. Единаесет луѓе беа убиени во ова најтешко антисемитско злосторство во историјата на САД.

https://p.dw.com/p/4UiA2
Комеморација пред синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург (архивска фотографија)
Комеморација пред синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург (архивска фотографија)Фотографија: Matt Rourke/AP Photo/picture alliance

Смртна казна му беше изречена во средата (02.08.2023) на човекот кој уби 11 лица во синагогата во центарот на Питсбург во САД во 2018 година, што е најтешкиот антисемитски напад во историјата на земјата.
Убиецот Роберт Бауерс, најпрво поттикнувал омраза против Евреите на интернет и пропагирал екстремистички верувања пред, по внимателно планирање, да изврши масакр во синагогата „Дрво на животот“, каде што биле членови на три конгрегации.
Бауерс, возач на камион од предградието, тогаш рани двајца верници и пет полицајци кои дојдоа да интервенираат поради нападот.

Федералната порота која донесе одлука за смртна казна го прогласи Бауерс (50) за виновен за 63 кривични дела.
Поротата едногласно утврди дека нападот на Бауерс бил мотивиран поради неговата омраза кон Евреите и дека тој ја избрал синагогата како најголема и најважна во САД за „да го максимизира уништувањето, да предизвика што поголема болка и да влее страв во локалните, националните и меѓународните еврејски заедници“.
Поротата утврди дека Бауерс не покажал каење.

Роберт Бауерс е осуден на смрт
Роберт Бауерс е осуден на смртФотографија: AFP

Федералните обвинители веруваат дека смртната казна за Бауерс е соодветна поради ранливоста на неговите жртви, главно постари лица, и неговата омраза кон целата верска заедница.
Ова е прва смртна казна изречена на федерално ниво откако Џозеф Бајден стана претседател на САД во 2020 година.
За време на кампањата, Бајден вети дека ќе ја укине смртната казна, а американското Министерство за правда воведе мораториум на извршување на веќе изречените смртни казни.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи