1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силно невреме го парализираше аеродромот во Франкфурт

СН/агенции
17 август 2023

Поради поплавената писта некои патници не можеа да се симнат од авионите кои веќе слетале. Вкупно 70 летови беа откажани, бидејќи централна Германија беше погодена од силно невреме со обилни дождови и илјадници молњи.

https://p.dw.com/p/4VGJO
Слетување среде невреме на аеродромот во Франкфурт (архивска фотографија)
Слетување среде невреме на аеродромот во Франкфурт (архивска фотографија)Фотографија: Frank Rumpenhorst/dpa/picture alliance

Централните и јужните делови на Германија повторно беа погодени од тешко невреме. Посебно погодена од поројни дождови, грмотевици и силните ветришта беше сојузната покраина Хесен. Противпожарните служби мораа да интервенираат во стотици случаи. Метеоролозите во Хесен во периодот од 20:40 до 21:40 часот регистрираа вкупно 25.289 молњи. За споредба во целата 2022 година во целата покраина биле забележени 11.566 молњи.

Вака изгледаше небото над Франкфурт на Мајна за време на вчерашното невреме
Вака изгледаше небото над Франкфурт на Мајна за време на вчерашното невремеФотографија: Arne Dedert/dpa/picture alliance

Меѓу 20:00 и 23:00 часот, метеоролошката служба во Хесен регистрираше врнежи од дожд до 60 литри на квадратен метар , на пример на аеродромот во Франкфурт. 

Поплавена писта  

Поради овие поројни врнежи, пистата на аеродромот во Франкфурт беше привремено поплавена, како што вечерта потврди аеродромскиот оператор Фрапорт. Патниците кои пристигнувале не можеле да ги напуштат своите авиони. Патниците на авионот на Луфтханза од Атина, кој слетал во 20 часот и 30 минути, можеле да го напуштат авионот дури околу 23 часот.

Работата на  аеродромските служби беше целосно запрена повеќе од два часа, изјави портпаролот на аеродромот. Поради тоа, 34 авиони не можеа да полетаат навреме. Други летови веќе беа откажани од самите авиокомпании.

70 летови беа откажани поради невремето и поплавата на пистата на аеродромот во Франкфурт
70 летови беа откажани поради невремето и поплавата на пистата на аеродромот во ФранкфуртФотографија: Kai Pfaffenbach/REUTERS

Околу 70 откажани летови беа забележани на веб-страницата на аеродромот пред да започне ноќната забрана за летови во средата навечер. 23 планирани пристигнувања беа пренасочени и на други аеродроми поради забраната за ноќни летови. Според првичните проценки на аеродромот, четирицифрен број патници биле погодени од проблемите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема