1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоГлобално

Од автосексуалец до симбиосексуалец: кои сме и како сакаме

Јулија Фергин
28 септември 2024

Стрејт, геј, би. Тие се познати. Можеби и транс и интерсексуалец. Но демисексуалец или симбиосексуалец? Кус прирачник за сексуалниот идентитет и значењето:

https://p.dw.com/p/4kgdz
LGBTQ
Од автосексуалец до симбиосексуалец: кои сме и како сакамеФотографија: DyD Fotografos/Geisler-Fotopress/picture alliance

Признавам: Ме нервира инсистирањето за категоризација кога станува збор за сексуалната ориентација на луѓето. Зарем ваквите тесни фиоки не ја нагласуваат уште повеќе инаквоста наместо да овозможат сите начини на живеење и љубов да станат нормални?  

Истражувачите, од друга страна, велат дека јазикот и свеста се тесно поврзани: ако имаме збор за нешто, чувствата и искуствата можат да не направат посвесни и затоа порелевантни. Затоа е важно да се истражат претходно игнорираните сексуалности. Добро, еве да одиме по ред:

Што сум јас? Цис, транс или интер? 

Некој кој е роден со недвосмислено женски или машки полови маркери и продолжува да се идентификува со тој пол во подоцнежните години се нарекува цис-жена или цис-маж.

Цис доаѓа од латински и значи „од оваа страна“. Транс значи „од другата страна“. Овој концепт се однесува на луѓе кои не се идентификуваат со нивниот биолошки пол.

Интерсексуалните луѓе се раѓаат со машки и женски пол маркери и не можат уникатно да се категоризираат во ниту еден пол. Затоа, од 2018 година, во Германија, покрај „машки род“ и „женски род“, постои и трета опција - „друго“ - за упис во матичните книги на родени. 

Кој ми се допаѓа? Хетеро, хомо, би и пан   

Цис-, транс- и интерсексуалноста опишуваат еден дел од идентитетот на луѓето, но не кажуваат ништо за нивните сексуални преференции. Стрејт маж е заинтересиран за жени. Исто како и хомосексуалната жена. Тоа е јасно. Но, веќе со бисексуалноста, сето станува посложено. Во принцип, бисексуалците се чувствуваат привлечени од двата пола, но не мора со еднаква сила. Ова е јасно од т.н Кинси скала создадена од сексологот Алфред Кинси.

Според оваа скала, постојат нијанси помеѓу „исклучителни хетеросексуалци“ и „исклучителни хомосексуалци“. Кинси ги формулирал овие термини уште во 1948 година, вклучувајќи ги под општиот концепт на бисексуалност. 

Парада на гордоста
Учесник на парадата на гордоста во Келн, ГерманијаФотографија: Jörg Carstensen/dpa/picture alliance

Денес тој веројатно повеќе би зборувал за пансексуалност. Бидејќи додека бисексуалците размислуваат во категориите машки/женски, пансексуалците го прошируваат кругот на нивните потенцијални преференции за да го вклучат и „другиот“ пол.

Бисексуалните (и веројатно пансексуалните) луѓе често ќе слушнат дека не сакаат да се врзуваат и дека сакаат да имаат сексуални односи со што повеќе луѓе. Ова е исто толку точно колку и претпоставката дека хетеросексуалците се генерално моногамни.

Дали некој живее моногамно или полигамно, т.е се ограничува на еден сексуален партнер или има повеќе, е друго прашање. Веројатно никој сè уште не броел, но веројатно ќе има полигамни ци-хетероси, како и моногамни транс-бисексуалци. 

Во што спаѓам јас? Еве го изборот...  

Без разлика во која група точно припаѓаме, нашата желба обично е фокусирана на една или повеќе личности. Но, тоа не мора да биде секогаш така. Затоа ќе анализираме и некои помалку познати и претходно малку забележани форми на сексуалност. 

Симбиосексуален

Симбиосексуалните луѓе чувствуваат привлечност кон парови. За разлика од полиаморните луѓе, кои имаат или сакаат да имаат повеќе од еден партнер во исто време, симбиосексуалците се чувствуваат привлечени токму од динамиката и енергијата што се чувствува меѓу двајца (или повеќе) во врската. Односно, не им се толку привлечни поединците колку односот меѓу нив.

Демисексуален

Тие не чувствуваат сексуална желба доколку немаат емотивна врска со другата личност - тоа се нарекува демисексуална ориентација. Демисексуалноста е добра одбрана од сомнителните врски за една ноќ. 

Сапиосексуален

Извајаното тело, волшебната насмевка и убавите очи не се доволни за да се освои сапиосексуален маж. За оваа личност особено еротско е интелектуалното ниво на партнерот. 

Автосексуален

Зигмунд Фројд го ​​вовел овој термин за да ги именува сите форми на сексуално самозадоволување. Но, автосексуалноста значи и дека некој е вљубен во себе. Таквите луѓе пријавуваат возбуда кога ќе се видат во огледало. И доколку ова самољубие е здраво, нема штета од него.  

Асексуален

Асексуалните луѓе не чувствуваат потреба за секс, но не затоа што го мразат сексуалниот контакт или затоа што се премногу срамежливи. За разлика од заветите на целибат и другите форми на апстиненција, асексуалноста не е свесна одлука, туку сексуална ориентација. Само без секс. 

„Љубовта победува“: Благослов од германски католички свештеници за хомосексуални двојки

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи