1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваГерманија

Расизам: Синтите и Ромите се насекаде загрозени

23 септември 2023

Во Германија за првпат се документира каде и како се случува „антициганизам“. Честопати го има во државните институции. Но, има и светли моменти.

https://p.dw.com/p/4WTx2
Романи Розе, претседател на Централниот совет на германските Синти и Роми
Романи Розе, претседател на Централниот совет на германските Синти и Роми, на настан организиран од Сојузната криминалистичка служба (БКА)Фотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Дали 621 регистрирани инциденти со „антициганска“ конотација во една година се многу или малку? Дали насилството кон Синтите и Ромите се намалува или се зголемува? На овие прашања Центарот за пријави и информации за „антицигански“ појави (МИА) ќе може да даде одговори најрано во 2024 година. Билансот кој сега е претставен е премиера. За разлика од извештајот за состојбата објавен во 2021 година од страна на Независната комисија, отсега натаму новата форма на извештаи е планирана на годишно ниво.  

„Со тоа МИА ќе фрли светло врз серија ‘антицигански‘ кривични дела и инциденти“, пишува во предговорот претседателот на Централниот совет на германските Синти и Роми, Романи Розе. Центарот МИА, кој е финансиран од страна на Министерството за семејство во Германија, не се воздржува од употреба на дискриминирачки зборови заради подобро разбирање на нештата.

Зошто во извештајот на МИА се појавува зборот „циган“

„Во нашиот извештај на некои места го употребуваме поимот ‘циган‘. Таквиот ‘антицигански‘ поим до денес предизвикува многу страдање, насилство и изолација. Ние поимот го употребуваме колку што е можно поретко и исклучиво во наводници", ја објаснува својата одлука тимот на МИА.

Со наводниците треба да биде ставено до знаење дека таквиот поим и „антициганските“ претстави и предрасуди кои се кријат зад него, се само конструкција на мнозинството во општеството, велат од МИА.

„Наставниците вртат глава“

„Во многу од случаите кои ги имаме документирано поимот и натаму се употребува и претставувањето на вербалните 'антицигански' испади и напади за жал не се целосно можни без употреба на самиот поим“, велат од МИА и посочуваат на еден конкретен пример од извештајот. „Една Синти (12-годишна) е нападната од соученичка прво вербално со зборовите ‘валкана циганка‘, а потоа и физички со тоа што ја влече за коса низ училишниот двор, при што ѝ се кинат панталоните, а коленото ѝ крвари. Наставниот кадар ја врти главата и подоцна ѝ вели да не изведува“.

Некои случаи завршуваат во статистиката на полицијата

Сите случаи на дискриминација и насилство се третираат анонимно. Многу пријави доаѓаат од самите погодени лица, некои се покрај тоа регистрирани и во официјални извори како Статистиката за политички мотивиран криминал на полицијата.

Ромите- најбројно малцинство во Европа

Во нив спаѓа и единствениот случај на екстремно насилство наведен во годишниот извештај на МИА за 2022. „Од две возила во движење група лица прво била навредувана со ‘антицигански‘ пароли, а потоа врз нив е и пукано со воздушна пушка. Повеќе лица се повредени. Нападот е извршен со свеста дека се можни потенцијално тешки повреди на лицата“, се вели во извештајот.

Романи Розе се жали за пораст на десниот екстремизам

Во предговорот Розе пишува дека извештајот јасно ги покажува опасности од растечкиот национализам и десен екстремизам, кој се преточува во агресија и насилство спрема Синти и Роми, Евреи и други малцинства. Розе забележува дека во општеството „и натаму недостасува разбирање за формите во кои се манифестира и механизмите со чија помош дејствува ‘антициганството‘“. 

Таквата форма на расизам е „жално секојдневие не само на улиците, туку и во институциите“, се вели во извештајот на МИА. Секој петти регистриран случај е поврзан со контакт со државни институции. „Центар за вработување повеќепати ги бара истите документи и потврди за кои семејството не разбира зошто им ги бараат. Тоа веќе довело до кратење на некоја услуга додека не биле донесени документите. Мајката вели дека соработникот во Центарот знае дека се Роми и затоа ги третира полошо од другите“.

Ромот кој предава бугарски јазик во Кобленц

Каде почнува институционалната дискриминација?

Дали во такви случаи навистина има намера во постапувањето или не, е тешко да се оцени. И тимот на МИА вели дека „врз основа на поединечни пријави не е секогаш можно да се направи разлика колку дискриминацијата е заснована на таква институционална пракса и колку сопственото дејствување дополнително ја зголемува дискриминацијата“.

Без дилеми за намерна дискриминација и прекршување на важечките закони е случајот од 2021 година, кога во јужна Германија 11-годишно дете Синти било претресувано од полицијата без никаков повод. Најденото мало рачно ноже било причина да му стават лисици, насилно да го пикнат во марица и да го однесат во станица.

Осудени двајца полицајци

Игнорирани биле информациите за неговата возраст, а детето не смеело ни да ги извести родителите. По полчасовен распит, детето било пуштено на слобода. Родителите ги пријавиле полицајците и во 2022 година го добиле процесот.

Двајцата полицајци се осудени на казна од 3600 евра поради заедничко лишување од слобода на детето.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема