1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин за вооружениот бунт на „Вагнер“: „Нож во грбот“

СН/агенции
24 јуни 2023

Рускиот претседател го осуди навлегувањето на платениците од „Вагнер“ на руска територија како „предавство“ и им се закани на инволвираните со строга казна. Водачите на бунтот ќе сносат одговорност, порача Путин.

https://p.dw.com/p/4T0w1
Рускиот претседател Владимир Путин денеска имаше итно телевизиско обраќање, откако групаат „Вагнер“ навлезе во рускиот град Ростов.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска имаше итно телевизиско обраќање, откако групаат „Вагнер“ навлезе во рускиот град Ростов. Фотографија: Kremlin.ru/Handout/REUTERS

Рускиот претседател Владимир Путин денеска и се обрати на нацијата по повикот на шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, на вооружен бунт и навлегувањето на платенички сили во градот Ростов на Дон, велејќи дека тоа е „предавство“ и вети оти ќе „го брани народот“ и Русија.

Путин рече дека бунтот на групата „Вагнер“претставува „смртоносна закана“ за руската држава и вети дека како одговор ќе преземе „строга акција“.

„Сите оние кои го подготвија бунтот неизбежно ќе бидат казнети. Вооружените сили и другите владини агенции ги добија потребните наредби“, рече Путин.

Тој постапките на Пригожин ги нарече „предавство“, но без да го спомене името на шефот на приватната платеничка компанија „Вагнер“.

Евгениј Пригожин во видео обраќање објави дека борците на „Вагнер“ ги заземале сите воени објекти во Ростов на Дон
Евгениј Пригожин во видео обраќање објави дека борците на „Вагнер“ ги заземале сите воени објекти во Ростов на ДонФотографија: Prigozhin Press Service/AP Photo/picture alliance

Ги повика оние „кои се вмешани во ова злосторство да не прават трагична грешка, единствена грешка, да го направат единствениот правилен избор и да престанат да учествуваат во овие криминални дела“.

Путин го осуди повикот на бунт во време кога Русија „ја води најтешката битка за својата иднина“ со „интервенцијата во Украина“, како што вообичаено ја означува руската инвазија врз Украина. „Целата воена, економска и информативна машинерија на Западот е насочена против нас“, рече Путин.

„Оваа борба, кога се решава за судбината на нашиот народ, бара обединување на сите сили, единство, консолидација и одговорност“, рече Путин, додавајќи дека вооружениот бунт во вакво време е „нож во грбот за Русија и за нејзиниот народ“.

Војници и тенкови на „Вагнер“ на улиците на рускиот град Ростов на Дон
Војници и тенкови на „Вагнер“ на улиците на рускиот град Ростов на ДонФотографија: REUTERS

„Оние кои го планираа и организираа вооружениот бунт, кои кренаа оружје против своите соборци, ја предадоа Русија и ќе одговараат за тоа“, рече Путин.

Рускиот претседател  призна дека ситуацијата е „тешка“ во Ростов на Дон,. 

„Ќе бидат преземени одлучни мерки за стабилизирање на ситуацијата во Ростов на Дон. Сè уште е тешко“, рече Путин . 

Тој додаде дека „воените и цивилните административни тела се де факто блокирани“ во важниот градот во јужна Русија, каде е сместена руската воена команда за офанзивата во Украина.

Пригожин утрината објави дека тој и неговите сили ги зазеле сите воени објекти во јужниот руски град Ростов на Дон. Руските безбедносни сили реагираа на најавите на Пригожин за вооружен бунт повикувајќи на негово апсење.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема