1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Се брани од правосудството: поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп
Се брани од правосудството: поранешниот претседател на САД, Доналд ТрампФотографија: Adrien Fillon/ZUMA/picture alliance
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп сака да ги блокира истражителите

СН/агенции
23 август 2022

По рацијата во неговиот имот на Флорида, поранешниот претседател на САД бара независна проверка на, како што се јавува, над 300 запленети доверливи документи. Ова може да ги блокира истражителите да пристапат до нив.

https://p.dw.com/p/4Ftqm

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното истражно биро (ФБИ) во прегледување на материјалите кои пред две недели агенцијата ги заплени во неговата куќа на Флорида, сѐ додека не се именува специјален ополнимоштеник кој ќе ја надгледува оваа работа.

Трамп во тужбата, поднесена во понеделникот во федералниот суд во Вест Палм Бич на Флорида, бара од американското Министерство за правда да му достави и детален список за предметите кои ФБИ ги запленил од неговата куќа во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август, како и истражителите да му ги вратат сите оние кои ги надминуваат рамките на налогот за претрес.

Доналд Трамп смета дека претресот на неговиот имот во Мар-а-Лаго на Флорида е политички мотивиран
Доналд Трамп смета дека претресот на неговиот имот во Мар-а-Лаго на Флорида е политички мотивиранФотографија: Greg Lovett/The Palm Beach Post/picture alliance

„Не може да се дозволи политиката да влијае на спроведување на правдата... Спроведувањето на законите не може да се користи како оружје во политички цели“, се наведува во тужбата на Трамп.

Понекогаш во многу чувствителни случаи, од страна на судот може да се именува посебен управник, најчесто пензиониран судија или адвокат, кој ќе ги разгледа запленетите материјали и ќе обезбеди истражителите да не ги прегледаат заштитените информации.

Претресот на куќата на Трамп од 8 август претставува значителна ескалација во една од многуте федерални и државни истраги со кои тој се соочува, и кои се однесуваат на времето кое тој го помина на функција, како и на неговиот приватен бизнис.

Американската влада пронајде над 300 доверливи документи во Мар-а-Лаго, вклучувајќи материјали на ЦИА, Агенцијата за национална безбедност и на ФБИ, извести вчера Њујорк тајмс, повикувајќи се на повеќе извори кои се известени за тоа прашање.

Претресот на ФБИ е дел од федералната истрага за тоа дали Трамп незаконски ги земал документите кога ја напуштил функцијата во јануари 2021 година, откако загуби на претседателските избори од демократскиот кандидат Џо Бајден.

За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети класифицирани материјали, од кои некои се означени како „строго доверливи“, што е највисоко ниво на доверливост резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и кои се достапни само во специјални владини објекти.

 

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана, Албанија

ЕУ и Западен Балкан: Приближување во Тирана

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница