1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bulgarien Sozopol Strand
Фотографија: DW/A. Detev
ПатувањеБугарија

Одмор во Бугарија: Каде се туристите?

Александар Андреев
28 јули 2022

All-Inclusive-одмор или рехабилитација на Црното Море: Бугарија е популарна дестинација за одмор. Но, оваа година нема туристи. И тоа не се должи само на војната во Украина.

https://www.dw.com/mk/odmor-vo-bugarija-kade-se-turistite/a-62603247?fbclid=IwAR2ThYpqAFJ-qFokZiT5zBqjCBXx4FjgMdCe8nctAs1Z0mXQGHzbLyt_mu8

„Картата за пијалоци, ве молам! - „Извинете, но сѐ уште е на печатење...“

Сѐ уште? На 15 јули? Овој дијалог во еден бугарски бар на плажа ја раскажува компримирано целата приказна. Приказната за лошата услуга, уништените очекувања и падот на бројот на посетители на бугарското крајбрежје на Црното Море. Онаму каде што пред само една година имаше гужва на долгите песочни плажи, каде што беа наредени лежалка до лежалка, еден до друг чадори за сонце, оваа година е невообичаено тивко.

Во јуни, велат хотелиерите и туроператорите за бугарските медиуми, речиси ништо не се случувало во, инаку добро пополнетите, поморски одморалишта. И во јули има значително помалку странски туристи од вообичаено.

Тоа не е без причина: во близина беснее војна - познатиот украинскиЗмиски остров е на само 300 километри од бугарската плажа, Ковид-бројките се зголемуваат насекаде во Европа, а на аеродормите владее чист хаос. Покрај тоа, инфлацијатаделумно ги изеде парите за годишен одмор.

Bulgarien Die Schwarzmeerküste ist wegen der Pandemie immer noch leer
Празните ресторани на бугарското црноморско крајбрежје чекаат гостиФотографија: Alexander Andreev/DW

Веќе не е толку евтино

Во секој случај, одморот во Бугарија веќе не е толку евтин како што се очекуваше. Понудите „all inclusive“ во Турција и Шпанија често се поевтини отколку во Бугарија. Побарувачката во случајно избран хотел со три ѕвезди на плажата во Бургас покажува: една недела all inclusive овде чини околу 1000 евра по лице.

Овошен коктел на плажа чини 20 отсто повеќе од лани. За лесен оброк со салата и шише вино, може лесно да отидат 60 евра за двајца. Едно кафе чини 2,50 евра. „Поскапеа намирниците, мора некако да надоместиме“, објаснува еден келнер со загрижен израз. Истото важи и за изнајмувачите на плажите, кои загубите ги „компензираат“ со повисоки цени за чадори и лежалки: на некои места комплет чини и по 20 евра дневно. Дури и домашните туристи од Софија претпочитаат да одат во Грција, каде што цените се споредливи, но услугата е подобра.

Русите и Германците на бугарското крајбрежје

Најважните туристи за Бугарија, Русите и Германците, летово претпочитаат да одат за Турција, велат туроператорите. Вообичаено доаѓаат 450-500.000 руски туристи, но годинава нив ги нема, вели Марија Табакова, ополномоштеничка за туризам во црноморската метропола Бургас. „Last-Minute-резервациите од Германија беа многу слаби во мај и јуни“, објаснува Венцислав Танчев, бугарски претставник на туроператорот Алтурс. „Туристите во овој сегмент отидоа во Анадолија и Шпанија, бидејќи цените таму се подобри, а попустите поголеми. А семејствата со деца ја избегнуваат Бугарија поради војната.“

Bildergalerie Die wichtigsten Party-Ferienorte der Deutschen Bulgarien
Во текот на изминатите години плажите во Бугарија беа полниФотографија: picture-alliance/dpa

Во 2021 година во Бугарија имаше над 600.000 германски туристи, а оваа година се очекуваат 40-50 отсто помалку, вели Танчев.

За Русите, кои поседуваат околу 400.000 недвижности за одмор во Бугарија, патувањето стана покомплицирано поради санкциите. И иако Бугарите во основа се наклонети кон Русија, а јазикот и пишувањето се многу слични, на руските туристи овде-онде се гледа попреку поради војната.

Адути на Бугарија - стоматологија, оптика, рехабилитација и бањи

Подобро од туризмот на плажа им оди на медицинскиот, стоматолошкиот и рехабилитацискиот/бањскиот туризам, кои се исто така популарни кај Русите и Германците. Од 2020 година, германските фондови за здравствено осигурување ги признаваат услугите во бугарските здравствени одморалишта и терапии надвор од болниците. Тие по правило ги покриваат трошоците за неопходни третмани или престој во бањи, понекогаш дури и патните трошоци.

Како Германците го спасуваат бугарскиот туризам

Стоматолошки третман, импланти, операции на очи, естетска хирургија, бањи со кал, масажи и модерен третман со електрична енергија - понудите на бугарското крајбрежје на Црното Море се разновидни. Но, и тука недостига кадар - како и секаде. И, и овде услугата не е баш добра, како што покажува овој телефонски повик до клиника која е отворена 24 часа:

Прашање: „Дали кај вас се се нуди третман XY?“

Одговор: „Немам поим, ова е само место за закажување термини.“

Прашање: „А би биле ли љубезни да погледнете?“

Одговор: „Не можам, тоа е во друга зграда .“

Недоволната подготвеност да се исполнат барањата на клиентите може да се забележи и на плажата, како што покажува следнава сцена: двајца мажи со многу тетоважи и злато на своите тела, на кои им е видно здодевно, седат покрај фрижидерот на продавачот на сладолед. 16 часот е. Прашање: „Можеме ли да земеме сладолед?“ Одговор: „Не, затворено е“.

Лошата услуга и зголемените цени одвраќаат многу посетители од дома и од странство. Тука треба да се додадат и видливите последици од војната во близина, кои можат да се почувствуваат и овде: во јуни илјадници мртви делфини беа исфрлени на бугарските плажи.

Bulgarien | Toter Delfin in Albena
Мртов делфин на плажа во Албена, Бугарија (1.07.2022)Фотографија: Alexander Andreev/DW

Угинале најмалку 3.000 животни, изјави шефот на надлежниот истражувачки тим, Иван Русев. Употребата на сонарна технологија и експлозиите ги уништуваат чувствителните навигациски системи на животните, објаснува тој. Има и животни кои можеби се жртви на директни борбени операции.

Заклучокот е дека одморот на Црно Море во Бугарија останува амбивалентна работа. Природата е убава и храната е добра, но услугата е лоша, а цените се превисоки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Енергетската криза во фокусот на македонската политика

Мицкоски: И јавните претпријатија на регулираниот пазар

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница