Oтпор против САД во севернокорејската криза | Свет | DW | 30.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Oтпор против САД во севернокорејската криза

САД, по најновиот севернокорејски ракетен тест, побараа од другите земји да го зголемат притисокот врз Пјонгјанг. Русија и Кина одбија, од Германија исто има критики.

САД останаа осамени со своето барање за дипломатска изолација на Северна Кореја. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, според руските новински агенции, изјавил дека постапката на САД е погодна за провоцирање екстремен чекор на Пјонгјанг. Ако САД бараат повод за уништување на земјата, треба тоа јасно да го кажат.

И реакциите од Германија и другите земји се критички.

По најновото тестирање севернокорејска интерконтинентална ракета, САД ги повикаа поименично Германија, и другите земји, во прв ред Кина и Русија да ги повлечат своите амбасадори од Пјонгјанг и на тој начин да го зголемат притисокот врз комунистичката земја.

Германското министерство за надворешни работи не издаде официјално соопштение, а министерот Зигмар Габриел во Вашингтон случајот ќе го дискутира со својот ресорен колега Рекс Тилерсон. Трансатлантскиот координатор на германската влада, Јирген Харт се изјасни против повлекување на германскиот амбасадор од Пјонгјанг. „За севернокорејскиот проблем е можно само дипломатско решение“, изјави тој, истакнувајќи дека Европејците не можат да се потпрат единствено на руската и кинеската амбасада во Пјонгјанг. „Добро е Европа, а со тоа и Западот преку германскиот амбасадор да имаат свој претставник во Пјонгјанг.“

Nordkorea Deutsche Botschaft in Pjöngjang (picture-alliance/dpa/Auswärtiges Amt)

Германската амбасада во Пјонгјанг

Во случај на војна, САД ѝ се заканија на Северна Кореја со целосно уништување.  Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, за време на седницата на Советот за безбедност посветен на севернокорејскиот ракетен тест, употребувајќи го изразот „целосно уништување“, искажа слична закана како и претседателот Трамп во септември, во својот прв говоор пред Генералното собрание на ОН. Вчера Трамп го нарече севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „човекот-ракета“, додавајќи, „тој е болно мало куче“. Трамп најави нови санкции против Северна Кореја.

Во последните месеци тензиите во регионот на Корејскиот Полуостров забележаа значително зголемување, како последица на серијата ракетни тестови од страна на Северна Кореја и една атомска проба во септември.

Режимот во Пјонгјанг, првпат по пауза од два и пол месеци, вчера повторно истрела балистичка ракета со долг дострел.  Ракетата била стартувана од провинцијата Јужен Пјонган. Пјонгјанг соопшти дека тестот на ракетата од типот Хвасонг-15 бил успешен и се пофали дека со своите ракети сега е во состојба да допре до сите можни точки во САД.

 

DW.COM

Реклама