1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велигденски пост: Што е забрането за време на пост

ДТЗ
18 март 2024

Велигденскиот пост е најстрогиот пост на Црквата. Тој трае седум недели или 48 дена. Годинава велигденскиот пост трае од 18 март до 4 мај.

https://p.dw.com/p/4dsCP
МПЦ
Велигденскиот пост е најстрогиот пост на Црквата. Тој трае седум недели или 48 дена. Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Православните верници од денеска започнуваат со Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден. Велигденскиот пост е најстрогиот пост на Црквата. Тој трае седум недели или 48 дена. Годинава велигденскиот пост трае од 18 март до 4 мај. 

Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели: да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение, а крстените да се подготват за Велигден – за Воскресението Христово, за празникот што претставува основа на верата. 

Постот како лек и за телото и за душата 

Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. Има неколку празвила кон кои верниците треба да се придржуваат за време на постот. 

Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање. Телесниот пост значи воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната во овој период е доминантно од растително потекло. 

пост, храна
Постот не е диета. Фотографија: Colourbox/A. Omelchenko

Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.

Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта да се јаде месо за време на пост.

Пост и диета

При определувањето на телесниот пост треба многу да се внимава. Постот не е диета. Неговата цел и задача е друга. Не се пости за да се слабее, туку за да се зајакне духот и за да се претпочита духовното над телесното. Но, се разбира, тоа воздржување во текот на постот може да придонесе и за зацврстување на волјата и за решеноста да се храниме поумерено и поздраво.

Добро е да се користи разновидна храна и за време на постот. 

Пост - споделени вредности меѓу христијаните и муслиманите

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема