Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина
1 мај 2024Најмалку 19 лица загинаа при уривање на делови од планински автопат во јужна Кина. Спасувачите однеле 30 повредени лица во болница, објави државната телевизија ЦЦТВ. Нивните животи не се во опасност.
Според властите во градот Меижу во провинцијата Гуангдонг, дел од автопатот долг речиси 18 метри се урнал околу пладне по локално време. Во дипката што се отфорила по уривањето на патот пропаднеле вкупно 18 возила. Во оваа област во изминатите повеќе дена врнеше пороен дожд.
Чад и возила во пламен
Очевидци изјавија за локалните медиуми дека слушнале гласни звуци и виделе дупка со големина од повеќе метри како се отвора таму каде што штотуку поминале. Снимките на онлајн сервисите покажаа како се крева чад над каллива област над која минуваше автопатот. На некои фотографии можеше да се видат и возила пламен.
Според телевизијата ЦЦТВ, околу 500 припадници на службите за итни случаи биле на лице место за да учествуваат во операциите за спасување. Автопатот бил веднаш затворен во двете насоки,