1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиШпанија

Над 50 загинати во поплавите во Шпанија

ЖА
30 октомври 2024

Според официјалните податоци, 51 лице загинало во големите поплави во шпанскиот регион Валенсија, како што соопштија од регионалната влада.

https://p.dw.com/p/4mO8S
Spanien Überschwemmung Starkregen
Фотографија: Víctor Fernández/AP Photo/picture alliance

Најмалку 51 лице загинало во големото невреме во Шпанија само во медитеранскиот регион Валенсија. Ова го објави шпанската новинска агенција Еуропапрес, повикувајќи се на регионалната влада во Валенсија.

поплави во Шпанија
Над 50 загинати во поплавите во ШпанијаФотографија: Gregorio Marrero/AP Photo/dpa/picture alliance

Спасувачките работи веќе се во тек на повеќе места. Ситуацијата е особено лоша во медитеранските региони Андалузија, Мурсија и Валенсија, кои се многу популарни кај туристите. На многу места се поплавени улици, куќи и полиња, а автомобилите и дрвјата биле носени од водата. Неколку автопати и селски патишта морале да бидат затворени. Засегнат е и воздушниот и железничкиот сообраќај. Наставата е откажана во многу училишта и универзитети.

поплави во Шпанија
Човечки жртви и огромни штети од поплавите во ШпанијаФотографија: Víctor Fernández/AP Photo/picture alliance

Премиерот на Валенсија, Карлос Мазон, ги повика жителите да се евакуираат на повисоките места. Во некои области, жителите останале заробени во своите домови и упатија итни повици на социјалните мрежи, објави весникот Ел Паис.

поплави во Шпанија
Многу луѓе уште се водат за исчезнати во поплавите во ШпанијаФотографија: Víctor Fernández/picture alliance/dpa/EUROPA PRESS

Површината погодена од поројни врнежи од дожд, за која со денови многу се известуваше, денеска се очекува да се помести североисточно.  Предупредувањето за силно невреме останува на сила за поголеми делови од земјата. Метеоролошката служба Аемет соопшти дека ситуацијата  во цела Шпанија  нема целосно да се олесни до четврток.

поплави во Шпанија
Во прекин е сообраќајот на многу места во деловите од Шпанија зафатени од невремеФотографија: JOSE JORDAN/AFP/Getty Images

„Со загриженост ги следам извештаите за исчезнати луѓе и штетите предизвикани од невремето во последните неколку часа“, изјави претходно шпанскиот премиер Педро Санчез на онлајн сервисот X и апелираше до населението да ги следи упатствата на властите. „Бидете многу внимателни и избегнувајте непотребни патувања“.

Научниците предупредуваат дека екстремните временски настани како што се топлотните бранови и бурите се влошуваат поради климатските промени.