1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Хусеин Смајиќ од Бугојно, Босна и Херцеговина
Хусеин Смајиќ од Бугојно, Босна и ХерцеговинаФотографија: Vera Soldo/DW

БиХ: Муслиман изгради црква

Вера Солдо
3 септември 2022

Постојаното предизвикување меѓуетнички тензии и омраза, се чини, стана секојдневие во Босна и Херцеговина. Затоа, она што го направи Хусеин Смајиќ од Бугојно изгледа нереално. Имено, тој изгради католичка црква.

https://p.dw.com/p/4GJUp

„Зарем не е убава оваа наша црква Богородица од ангелите? И зошто да не ја изградиме? Зошто името има некоја посебна врска затоа што Хусеин гради црква? Не го разбирам тоа. Реков и порано - луѓе, немојте да бидеме племиња. Го сторив тоа за љубов кон својот народ и за нашата татковина Босна и Херцеговина. Ајде да се почитуваме и да се цениме преку црквата. Не е грев да се гради. Грев е да се рушат верски објекти, цркви, џамии...“,ова се прашањата, а воедно и одговорите на Хусеин Смајиќ за Дојче веле за неговиот необичен потег.

Го подарил земјиштето на кое ја гради црквата

Хусеин Смајиќ со посетителите на црквата
Хусеин Смајиќ со посетителите на цркватаФотографија: Vera Soldo/DW

И тоа откако во 2014 година, на својот имот во местото Весела стража, во близината на Бугојно, за време на изградбата на хидроцентрала, пронашол остатоци од средновековна католичка црква од 13 век и 12 скелетни остатоци, меѓу кои и на единствената босанска кралица Јелена Котроманчиќ Грубе.

Тоа било почеток за неговиот проект, кој за многумина стана симбол на мир и на соживот на народот во БиХ, во земјата проникната со меѓуетнички конфликти со децении.

„Ги ископавме темелите и дојде кардиналот, нашиот пример Винко Пуљиќ, и јас предложив да ја изградиме црквата како што била во средниот век. Меѓутоа, тој рече дека не е пракса да се гради на срушени темели. Потоа подарив околу 1.500 квадрати земја за изградба на црквата“, се потсетува Хусеин, на кого поради овој гест, во 2015 година, тогашната хрватска претседателка Колинда Грабар му врачи Вечерњаков печат.

Започнал со изградба на црквата, но и на угостителски објект за аџиите и посетителите. Неодамна црквата ја благослови кардиналот Винко Пуљиќ, а на благословот присуствуваа повеќе од една и пол илјада аџии.

Но, овој бизнисмен има нови планови. Тој има намера да изгради музеј, каде со помош на научници, реставратори, археолози, историчари, на посетителите ќе им ги покаже пронајдените богати артефакти од средновековна Босна: останките на кралицата Јелена завиткани во позлатено кадифе, но и да ги заштити темелите на црквата, пред која „бдее“ камената статуа на босанската владетелка со круна и меч во рацете, дело на академскиот скулптор Анте Браовац. Досега, во целиот комплекс се инвестирани околу 10 милиони конвертибилни марки.

„Тоа е вистинската Босна и Херцеговина“

Ни зафрленоста на местото, ниту макадамот, ни жештината не беа причина што можеше да го спречи католичкиот свештеник, дон Јосип Батиниќ, со своите верници да ја посети црквата што ја гради Хусеин Смајиќ. Топлите поздрави, вообичаените прашања за здравјето и пријателскиот разговор јасно покажуваат дека тие многу добро се познаваат. На прашањето што значи кога човек со исламска вероисповед гради католичка црква, овој свештеник има едноставен одговор.

Хусеин Смајиќ и свештеникот дон Јосип Батиниќ
Хусеин Смајиќ и свештеникот дон Јосип БатиниќФотографија: Vera Soldo/DW

„Тоа е таа вистинска Босна, вистинска вера, вистинската иднина темелена на напорното и убаво минато. Хусеин е човек ориентиран кон иднината врз основа на нашите корени овде, стари илјадници години. Минато кое често не беше идеално, но секогаш ориентирано кон иднината и надежта, и на што не учат сите три објавени религии. Тоа е единствениот пат, вистината и животот“, заклучува дон Јосип.

Додека тој ја разгледува внатрешноста, се слушаат звуците од алатот на Хајрудин Алибеговиќ, кој ги поправа масивните дрвени врати на новоизградената црква. Дали е чудно што гради и поправа католичка црква?

„А, зошто би ми било чудно? Не ми е чудно. Мене тоа не ми пречи и никому не треба да му пречи. Она што го стори господинот Хусеин - тоа е нашата Босна и Херцеговина. Таква треба да биде“, кусо, сумирано, едноставно и просто, ја објасни целата животна филозофија на соживотот на сличите луѓе, често навикнати на градење бариери од градење почит и разбирање.

„Никогаш нема да се уморам“

И додека на посетата на необичниот човек Хусеин Смајиќ ѝ се ближеше крајот, тој одеднаш стана со зборовите: „Време е“. Сепак прашањето „За што?“, остана неизговорено, но со трпеливо очекување.

Хајрудин Алибеговиќ ги поставува портите на новата црква
Хајрудин Алибеговиќ ги поставува портите на новата цркваФотографија: Vera Soldo/DW

Притоа, тој застана пред 4 метри високата слика на Исус, масло на платно, заштитена со непробојно стакло, подарот од Општината Купрес, поставена во близина на останките од средновековната црква. И заѕвони, тегнејќи го наизменично конопот со две ѕвона. Звукот на ѕвоната одекнува, буквално ја пара тишината и исчезнува во високите, зелени борови.

„Секој ден ѕвонам во 12 часот“, го појаснува својот невообичаен, но секојдневен ритуал.

„За љубов на нашиот народ“, „за нашата татковина Босна и Херцеговина“, „за иднината“, „за заедништвото, надежта“, ова се причините за кои зборува Хусеин. „Никогаш нема да се уморам. Никој никогаш не смее да се умори ако постои барем и малку надеж за надежта“, заклучува на крајот овој миротворец.

Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Американската амбасадорка во РСМ, Анџела Агелер

Анџела Агелер како Џон Ленон

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница