1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортУкраина

Украинецот Хераскевич дисквалификуван поради кацига

БГ /АП
12 февруари 2026

Украинскиот санкач Владислав Хераскевич е исклучен од Олимписките игри откако одби да ја замени кацигата што им оддава чест на убиените украински спортисти.

https://p.dw.com/p/58ZV3
Украинскиот олимпиец Владислав Хераскевич. февруари 2026
Хераскевич пристигна на Олимпијадата со прилагодена кацига на која се прикажани лицата на повеќе од 20 украински спортисти и тренериФотографија: Franck Fife/AFP/Getty Images

Украинскиот санкач Владислав Хераскевич е исфрлен од Олимписките Игри во Милано–Кортина откако го одби повикот од Меѓународниот олимписки комитет да користи кацига различна од онаа што им оддава чест на спортистите убиени во војната со Русија.

Претседателката на Меѓународниот олимписки комитет, Кирсти Ковентри, утрово го чекаше Хераскевич на врвот на патеката околу 75 минути пред почетокот на трката во машко санкање.

Тие се повлекоа во приватен простор и накратко разговараа, и очигледно Ковентри не успеала да го убеди Хераскевич да ја промени својата одлука. 

Украинскиот санкач Владислав Хераскевич на патеката за време на тренинг. февруари 2026
Украинскиот санкач Владислав Хераскевич е исфрлен од Олимписките Игри Фотографија: Franck Fife/AFP/Getty Images

Хераскевич пристигна на Олимпијадата со прилагодена кацига на која се прикажани лицата на повеќе од 20 украински спортисти и тренери кои беа убиени за време на војната – конфликт што започна кратко по крајот на Зимските игри во Пекинг 2022.

МОК во понеделникот вечерта соопшти дека кацигата нема да биде дозволена за користење на натпреварот, повикувајќи се на правило против политички ставови на олимпискиот терен. Сепак, Хераскевич ја носеше кацигата на тренинзите во вторник и среда, знаејќи дека МОК на крај може да го спречи да учествува во олимписката трка.

„Кацигата не прекршува ниту едно правило на МОК“, рече Хераскевич. 

Медалите на Зимските олимписки игри паѓаат од лентите