1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: шест милијарди евра инвестиции од Велика Британија

БГ
16 мај 2025

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од Тирана за ДВ потврди дека е усогласен стратешки договор со Обединетото кралство од кој Македонија треба да добие инвестиции во вредност од 6 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/4uUyF
Кир Стармер и Христијан Мицкоски
Британскиот и македонскиот премиер Кир Стармер и Христијан МицкоскиФотографија: Regierung Nordmazedonien

„Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство којшто ќе овозможи инвестициски циклус од 6 милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството итн.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски веднаш по завршувањето на средбата со британскиот премиер Кир Стармер на маргините на самитот на Европската политичка заедница кој се одржува во Тирана Албанија.

Мицкоски рече дека македонската јавност ќе ги дознае сите детали од договорот во наредните денови. Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство (ОК) е потпишан на ниво на влади, и тој, според Мицкоски „е привилегија“ бидејќи се работи за една од светските велесили. 

Кир Стармер и Христијан Мицкоски Тирана
Кир Стармер и Христијан Мицкоски во ТиранаФотографија: Regierung Nordmazedonien

Според извори на ДВ, договорот со Обединетото кралство не опфаќа прифаќање на одбиени баратели на азил од таа земја. 

Стармер во четврокот од Тирана соопшти дека Велика Британија е во преговори со повеќе земји за создавање „центри за враќање“ на одбиени баратели на азил. 
„Во тек се разговори со повеќе држави за воспоставување вакви центри за враќање“, рече Стармер. Според владини извори, договорот меѓу Македонија и ОК не содржи таква одредба. 

Погледнете ја целата изјава на премиерот Мицкоски за ДВ тука: 

Мицкоски: шест милијарди евра инвестиции од Велика Британија