1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Критики против Русија во ОН: Масовно киднапирање Украинци?

ЖА / агенции
8 септември 2022

ОН, САД и Црвениот крст го критикуваат постоењето на руски логори за депортација и бараат итен престанок на насилното депортирање на Украинци.

https://p.dw.com/p/4GYdO
Ukraine-Kieg | Flüchtlinge aus Mariupol sind in Saporischschja angekommen
Фотографија: Leo Correa/AP Photo/picture alliance

Претставници на ОН упатија јасни критики против руските логори за депортација во украинските завојувани области. Руската војска е осомничена дека носи Украинци во овие логори, за потоа против нивна желба да ги депортира натамошно во Русија или во украинските области под руска окупација.

„Перманентните обвинувања за насилен прогон, депортации и т.н.  ‘филтрациски логори' организирани од Русија и од кон неа приклучените локални сили се екстремно загрижувачки“, изјави Ополномоштеникот на ОН за политички случувања, Розмари ДиКарло синоќа на седница на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Украинските државјани, насилно одведени во вакви кампови, според извештаи на засегнати лица, се подложувани на идеолошка проверка, по што некои од нив  се депортираат во Русија.  „ОН располагаат со информации дека членови на раководството на руската управа ги надгледуваат и координираат филтрациите“, истакна портпаролот на министерството за надворешни работи на САД, Видант Пател, повикувајќи го Кремљ веднаш да прекине со ваквата пракса.

САД и Меѓународниот црвнен крст побараа пристап до овие логори. Москва меѓутоа досега ги негира сите обвинувања околу т.н. филтрациски логори.

Според наводите на американсата амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, проценките од одделни извори се дека Русија досега  сослушала,  уапсила и депортирала во Русија или во областите под нејзина контрола во Украина, меѓу 900.000 и 1,6 милиони луѓе од Украина.

Шефицата на Бирото на ОН за човекови права во Њујорк, Илзе Брандс Керис како дополнување наведе постоење веродостојни извештаи според кои украински деца се одземани од нивните родители и се депортирани во Русија, за по брза постапка да им се даде руско државјанство и да можат да бидат посвојувани.