Компјутерски проблем во „Луфтханза“ – откажани летови
Постои целосен пад на компјутерскиот систем на „Луфтханза“ во цел свет, дефектот доведува до доцнења илицелосно откажување на летови, засегнати се илјадници патници, потврди денеска портпарол на концернот. Вината за техничкиот проблем на најголемата германска авиокомпанија и предизвиканиот хасо во авиосообраќајот се наоѓа кај - Германска железница. Очигледно, при градежните работи на траса на железницата во Франкфурт багер пресекол повеќе кабли на мрежата на Дојче телеком.
Германскиот весник „Билд“ јави дека се погодени системите за чекирање, како и за бординг. На аеродромот во Франкфурт настанува застој во авионскиот сообраќај, а на дел од патниците на „Луфтханза“ на летовите низ земјата им е препорачано да се префрлат за да патуваат со воз.